Италијанскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Антонио Тајани изјави дека во моментов не постојат непосредни безбедносни закани за Италија, и покрај предупредувањата од Иран за можни напади врз туристички дестинации.
Тој оцени дека заканите се прилично нејасни, но нагласи дека не смеат да се игнорираат.
Тајани посочи дека безбедносните и разузнавачките служби во Италија веќе презеле засилени мерки на претпазливост од почетокот на актуелните тензии, со цел да се гарантира сигурноста на граѓаните и посетителите.
Истовремено, тој порача дека ваквите мерки не треба да предизвикаат паника, туку се дел од редовните процедури за превенција и заштита.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












