Младиот италијански возач Кими Антонели продолжува да импресионира на стартот од новата сезона во Формула 1, бележејќи уште една голема победа.
По триумфот во Кина, каде стана еден од најмладите победници во историјата, Антонели утрово славеше и на патеката Сузука, освојувајќи ја Големата награда на Јапонија.
Возачот на Мерцедес доминираше од самиот старт, тргнувајќи од пол-позицијата и задржувајќи ја предноста до крајот на трката. Тој заврши со убедливи 13,7 секунди предност пред Оскар Пјастри од Мекларен, кој го освои второто место.
На третата позиција се најде Шарл Леклер од Ферари.
Со оваа победа, Антонели се искачи на врвот во генералниот пласман, додека Мерцедес ја продолжува одличната серија на почетокот од сезоната. Италијанецот веќе важи за едно од најголемите откритија во шампионатот и сериозен кандидат за врвни дострели.
Следната трка во шампионатот е Големата награда на Мајами, закажана за 3 мај, откако претходно беа откажани трките во Бахреин и Саудиска Арабија поради безбедносната состојба на Блискиот Исток.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:













