• Импресум
Tuesday, July 21, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

ТФТ продолжува да пишува историја – следи Сутјеска

31/03/2026
Време за читање: 1 минути
A A

Кошаркарите на ТФТ Скопје постигнаа голем успех пласирајќи се во полуфиналето од плеј-офот во АБА 2 лига. Во решавачкиот трет натпревар од четвртфиналето, тимот предводен од тренерот Боро Смилковски славеше на гостувањето кај Златибор Моцарт со 90:80.

Со оваа победа, скопскиот состав ја доби серијата со 2-1 и обезбеди полуфинален дуел против Сутјеска.

ТФТ одлично го отвори натпреварот и уште по првата четвртина стекна двоцифрена предност (28:15). Домаќините возвратија во вториот период и до паузата ја намалија разликата на само два поени (38:36). Во третата четвртина се водеше израмнета борба, со чести промени на водството, па Златибор во последните десет минути влезе со минимална предност од 59:57.

Во решавачкиот период, македонскиот тим покажа квалитет и зрелост. И покрај проблемите со лични грешки на Џастин Гордон, ТФТ имаше силен придонес од клупата и направи клучна серија со која ја презеде контролата врз резултатот. Во финишот, искуството и смиреноста беа пресудни за сигурна победа од 90:80.

Најефикасен во редовите на ТФТ беше Дарин Говенс со 23 поени, 7 скока и 8 асистенции. Значаен придонес даде и Ѓорѓи Зафиров со 14 поени и 6 скока, додека Виктор Ташовски и Михаил Стојанов постигнаа по 13 поени, при што Стојанов имаше максимален учинок од игра. Кај домаќините, најпрецизен беше Матеј Чибеј со 16 поени.

Полуфиналната серија против Сутјеска, која се игра до две победи, започнува на 8 април во Никшиќ. Реваншот е закажан за 15 април во Скопје, додека евентуалната мајсторка би се одиграла на 22 април повторно во Црна Гора.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Безбедноста и борбата против местење натпревари во фокусот на ФФМ
Вести

Безбедноста и борбата против местење натпревари во фокусот на ФФМ

21/07/2026
Општините да ги спремат проектите, ќе добијат 250 милиони евра, најави Перински
Вести

Златко Перински нов в.д. директор на Фондот за здравствено осигурување

21/07/2026
Техеран објави напад врз американска инфраструктура, Вашингтон молчи
Вести

Техеран објави напад врз американска инфраструктура, Вашингтон молчи

21/07/2026
Владата утре на седница го става укинувањето на економските директори
Вести

Владата прогласи кризна состојба во Гостивар, тројца осомничени добија притвор

21/07/2026
Контролен пораз за младата репрезентација против Бугарија
Вести

Македонија без промена на ФИФА рангирањето, Шпанија го презеде првото место

21/07/2026
Николоски: Продолжува силната поддршка за инфраструктурниот развој на Велес
Вести

Николоски: Продолжува силната поддршка за инфраструктурниот развој на Велес

20/07/2026
Следна вест
Од 20 до 60 години – колку стомачни се нормални?

Од 20 до 60 години - колку стомачни се нормални?

Најнови вести

Безбедноста и борбата против местење натпревари во фокусот на ФФМ

Безбедноста и борбата против местење натпревари во фокусот на ФФМ

21/07/2026
Општините да ги спремат проектите, ќе добијат 250 милиони евра, најави Перински

Златко Перински нов в.д. директор на Фондот за здравствено осигурување

21/07/2026
Техеран објави напад врз американска инфраструктура, Вашингтон молчи

Техеран објави напад врз американска инфраструктура, Вашингтон молчи

21/07/2026
Владата утре на седница го става укинувањето на економските директори

Владата прогласи кризна состојба во Гостивар, тројца осомничени добија притвор

21/07/2026
Контролен пораз за младата репрезентација против Бугарија

Македонија без промена на ФИФА рангирањето, Шпанија го презеде првото место

21/07/2026
Николоски: Продолжува силната поддршка за инфраструктурниот развој на Велес

Николоски: Продолжува силната поддршка за инфраструктурниот развој на Велес

20/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.