Црногорскиот репрезентативец Вуко Борозан од следната сезона ќе го засили составот на Алкалоид, пренесуваат регионалните медиуми.
Искусниот лев бек се враќа во Скопје, каде повторно ќе соработува со Кирил Лазаров. За Борозан ова ќе биде ново поглавје во македонскиот ракомет, откако претходно настапуваше за Вардар и Охрид.
Во моментов, Борозан се опоравува од повреда поради која ќе го пропушти реванш натпреварот на Охрид во полуфиналето од ЕХФ Европски куп.
Во својата кариера настапувал и за Веспрем, а најголемиот успех го постигна со Вардар, со кој ја освои титулата во Лига на шампиони.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












