Поради планирани зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска делови од Скопје ќе бидат без електрична енергија, информираат од ЕВН Македонија АД.
Според најавата, од 08:30 до 16:00 часот без струја ќе останат корисниците од улиците „Пелагонија“, „Брсјачка Буна“ и „Индира Ганди“ во Општина Шуто Оризари.
Дополнително, во периодот од 08:30 до 14:30 часот, прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе има и на дел од улицата „Јустинијан Први“ во населбата Драчево, во Општина Кисела Вода.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












