Триесет и четиригодишна жена од Тетово пријавила во полиција дека нејзиниот сопруг Н.Д., со кого е во бракоразводна постапка, ѝ упатувал закани преку телефонски повици кон неа и нивните малолетни деца.
Од СВР Тетово информираат дека случајот бил пријавен на 7 мај 2026 година околу 01:20 часот.
Според пријавата, со ваквото однесување осомничениот го прекршил решението на Основен суд Тетово за забрана за приближување и контакти, донесено во ноември 2025 година.
Од полицијата соопштуваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












