Тридневното примирје што го прогласи Владимир Путин по повод Денот на победата официјално стапи на сила и ќе трае до 10 мај, пренесуваат руските медиуми.
Според соопштението на Министерство за одбрана на Русија, за време на прекинот на огнот руските сили нема да изведуваат напади врз позиции на украинската армија ниту врз воено-индустриски објекти на територијата на Украина.
Москва воедно го повика Киев да се приклучи кон примирјето, предупредувајќи дека руската армија ќе реагира доколку украинските сили го прекршат прекинот на огнот или извршат напади врз руски цели и населени места.
Руското Министерство за одбрана реагираше и на претходните изјави на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој предупреди на можни украински акции за време на парадата во Москва по повод Денот на победата.
Од руските власти порачаа дека секој обид за нарушување на церемонијата ќе предизвика „соодветен одговор“ од руската армија.
Примирјето беше најавено од Кремљ како симболичен гест по повод 9 Мај – Денот на победата над фашизмот, еден од најзначајните државни празници во Русија.
Во меѓувреме, засега нема официјална потврда од украинска страна дали Киев ќе го почитува прекинот на огнот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












