Реал Мадрид сериозно размислува за враќање на Жозе Мурињо на клупата на тимот, пренесуваат шпанските медиуми и повеќе фудбалски инсајдери.
Според информациите, претседателот на клубот Флорентино Перез веќе започнал контакти со португалскиот стратег, што дополнително ги засили шпекулациите за можно враќање на „Специјалниот“ на Сантијаго Бернабеу по 13 години.
Во изминатиот период се појавуваа бројни гласини околу иднината на Мурињо, но тој во неколку наврати тврдеше дека никој од Реал Мадрид не стапил во контакт со него.
Перез неодамна изјави дека лично ќе учествува во изборот на нов тренер, оценувајќи дека клубот се наоѓа во специфична и чувствителна ситуација.
Шпанските медиуми наведуваат дека конечната одлука би можела да биде официјализирана по завршувањето на сезоните во Шпанија и Португалија.
Иако дел од јавноста се сомнева дали Мурињо е вистинското решение со оглед на неговите резултати во Бенфика, Фенербахче, Рома и Тотенхем, многумина сметаат дека неговото искуство и авторитет би можеле да помогнат во стабилизирање на атмосферата во тимот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:













