• Импресум
Tuesday, June 30, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Апел за хигиена и дератизација по случаите со хантавирус на крузер

08/05/2026
Време за читање: 1 минути
A A
Апел за хигиена и дератизација по случаите со хантавирус на крузер

Институт за јавно здравје уверува дека во моментов нема опасност од појава на хантавирус во Македонија и дека не постои непосреден ризик за граѓаните, изјави директорката Марија Андоновска.

Таа посочи дека Секторот за епидемиологија при ИЈЗ секојдневно комуницира со Светска здравствена организација и со Европскиот центар за контрола на болести, од каде постојано добива информации и насоки за евентуално постапување.

Андоновска објасни дека хантавирусот не е нов и дека постојат два типа – европско-азиски, кој предизвикува ренални симптоми, и американски тип, поврзан со респираторни симптоми, кој неодамна бил регистриран на крузер во Атлантскиот Океан.

Таа нагласи дека според информациите од СЗО, на бродот немало македонски државјани, ниту меѓу патниците, ниту меѓу екипажот.

Иако во земјава моментално нема регистрирани случаи од овој тип на вирус, Андоновска апелираше граѓаните да одржуваат високо ниво на хигиена и да бидат внимателни со храна што долго време стоела во магацини или на отворено.

Посебно предупреди на производи како семки, сончоглед и конзервирана храна, кои потенцијално би можеле да бидат контаминирани од глодачи. Воедно, посочи дека е важно општините редовно да ја спроведуваат задолжителната дератизација.

Според податоците на ИЈЗ, европско-азискиот тип на хантавирус во Македонија првпат бил дијагностициран во 2015 година, а досега биле регистрирани 32 случаи, од кои три завршиле со смртен исход.

Андоновска потсети и на епидемијата во Гостиварско во 2018 година, кога луѓе се заразиле од глодачи на бачило, нагласувајќи дека овој тип вирус не се пренесува од човек на човек.

Таа уверува дека ИЈЗ располага со потребната опрема, кадар и реагенси за евентуално справување со ситуацијата и додава дека ова не е вирус со карактеристики како ковид-19.

Во меѓувреме, Светска здравствена организација соопшти дека на бродот „МВ Хондиус“ на Атлантикот се потврдени пет случаи на зараза со хантавирус, додека уште неколку случаи се под истрага.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Електричните автомобили со најголем раст во Европа
Живот

Електричните автомобили со најголем раст во Европа

25/06/2026
ФИФА праќа сигнал за потенцијална реинтеграција на Русија
Вести

ФИФА праќа сигнал за потенцијална реинтеграција на Русија

25/06/2026
Ѓорческа по историскиот успех: Горда сум што доаѓам од Македонија
Вести

Ѓорческа по историскиот успех: Горда сум што доаѓам од Македонија

25/06/2026
За една недела во Прилеп никна еколошко острово пред зграда на „Васко Карангелески“
Вести

За една недела во Прилеп никна еколошко острово пред зграда на „Васко Карангелески“

25/06/2026
Владата го усвои Планот за праведна транзиција за 2026 година
Вести

Скопје повторно се позиционира како регионален центар за енергетски дијалог и зелена транзиција, кажа Божиновска

25/06/2026
Алкалоид Скопје (ALK), НЛБ Банка АД Скопје (TNB) и Македонски Телеком Скопје (TEL) со најголем промет, МБИ10 се намали за 0,19% на 9.959,02 поени
Вести

Македонската берза во пад: МБИ10 намален за 0,36 отсто, најголем промет со акциите на Комерцијална банка

25/06/2026
Следна вест
Македонија и светот одбележуваат 80 години од победата над фашизмот

Македонија и светот одбележуваат 80 години од победата над фашизмот

Најнови вести

Електричните автомобили со најголем раст во Европа

Електричните автомобили со најголем раст во Европа

25/06/2026
ФИФА праќа сигнал за потенцијална реинтеграција на Русија

ФИФА праќа сигнал за потенцијална реинтеграција на Русија

25/06/2026
Ѓорческа по историскиот успех: Горда сум што доаѓам од Македонија

Ѓорческа по историскиот успех: Горда сум што доаѓам од Македонија

25/06/2026
За една недела во Прилеп никна еколошко острово пред зграда на „Васко Карангелески“

За една недела во Прилеп никна еколошко острово пред зграда на „Васко Карангелески“

25/06/2026
Владата го усвои Планот за праведна транзиција за 2026 година

Скопје повторно се позиционира како регионален центар за енергетски дијалог и зелена транзиција, кажа Божиновска

25/06/2026
Алкалоид Скопје (ALK), НЛБ Банка АД Скопје (TNB) и Македонски Телеком Скопје (TEL) со најголем промет, МБИ10 се намали за 0,19% на 9.959,02 поени

Македонската берза во пад: МБИ10 намален за 0,36 отсто, најголем промет со акциите на Комерцијална банка

25/06/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.