• Импресум
Monday, July 13, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

МНР реагираше на изјави од Брисел и употреба на спорен термин од бугарската министерка

12/05/2026
A A
МНР ќе прати протестна нота за навредата на Џамбаски до Ковачевски

Бугарскиот амбасадор во земјава Жељазко Радуков денеска бил повикан во Министерството за надворешни работи во Скопје, каде што му бил упатен усен демарш поради употребата на терминот „северномакедонски“ од страна на новата шефица на бугарската дипломатија Весислава Петрова Чамова.

Од Министерството за надворешни работи соопштија дека на средбата бил изразен протест поради, како што наведуваат, несоодветното адресирање од страна на министерката за надворешни работи на Република Бугарија, која во изјава по состанокот на Советот на министри за надворешни работи на Европската Унија употребила неправилна придавка изведена од името на државата.

Станува збор за изразот „северномакедонски партнери“, кој од македонска страна е оценет како неточен и неприфатлив.

Реакцијата следи по изјавата на Весислава Петрова Чамова од Брисел, во која таа навела дека имала средба со министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски и дека го информирала за ставовите на Бугарија во однос на европскиот процес на земјата.

Министерот Муцунски претходно реагираше дека немало официјална средба, туку кратка размена на зборови, додавајќи дека употребата на терминот е несоодветна и неточна.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бесплатно паркирање во центарот на Скопје за Велигденските празници
Вести

Се исплаќаат субвенции за купување велосипеди во општина Центар

13/07/2026
Загина момче во судир на автобус и мотоцикл на патот Охрид-Ресен
Вести

Сообраќајна несреќа во центарот на Скопје, повреден мотоциклист

13/07/2026
Приведени двајца криминалци од Арачиново барани со потерница
Вести

Син го заклал својот татко во Чаир, кој во алкохолизирана состојба ја нападнал мајка му

13/07/2026
Во античкиот театар, синоќа отворено 66. издание на „Охридско лето“
Вести

Во античкиот театар, синоќа отворено 66. издание на „Охридско лето“

13/07/2026
Најмалку 27 загинати во пожар во паб во Бангкок
Вести

Најмалку 27 загинати во пожар во паб во Бангкок

13/07/2026
САД ги предупредуваат свои граѓани за големи демонстрации во Белград
Вести

САД и Иран продолжија со нова размена на напади

13/07/2026
Следна вест
Алиу: Бесплатен паркинг за онколошки пациенти, најскап за останати граѓани на Клинички

Медицинските сестри и акушерките добија признание за нивната улога

Најнови вести

Бесплатно паркирање во центарот на Скопје за Велигденските празници

Се исплаќаат субвенции за купување велосипеди во општина Центар

13/07/2026
Загина момче во судир на автобус и мотоцикл на патот Охрид-Ресен

Сообраќајна несреќа во центарот на Скопје, повреден мотоциклист

13/07/2026
Приведени двајца криминалци од Арачиново барани со потерница

Син го заклал својот татко во Чаир, кој во алкохолизирана состојба ја нападнал мајка му

13/07/2026
Во античкиот театар, синоќа отворено 66. издание на „Охридско лето“

Во античкиот театар, синоќа отворено 66. издание на „Охридско лето“

13/07/2026
Најмалку 27 загинати во пожар во паб во Бангкок

Најмалку 27 загинати во пожар во паб во Бангкок

13/07/2026
САД ги предупредуваат свои граѓани за големи демонстрации во Белград

САД и Иран продолжија со нова размена на напади

13/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.