Оваа недела претставува потсетник за огромната улога што медицинските сестри и акушерките ја имаат во здравствениот систем и во општеството во целина. Нивната професија, како што беше истакнато, не е само работа, туку секојдневна грижа, посветеност, хуманост и поддршка за пациентите и нивните семејства.
Министерот за здравство Азир Алиу ова го истакна на свечената академија во Тетово, организирана од Сојузот на здруженијата на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „За нас“.
Тој порача дека медицинските сестри се столбот на здравствената заштита и дека без нивната стручност, пожртвуваност и човечки пристап не може да се замисли квалитетен здравствен систем, од превенција и дијагностика, до лекување, рехабилитација и нега.
Во своето обраќање, Алиу ја нагласи и потребата од континуирано унапредување на условите за работа, професионален развој и зајакнување на кадарот во јавните здравствени установи.
На крајот, упати благодарност до сите медицински сестри и акушерки за нивната посветеност, професионалност и секојдневна грижа за пациентите.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












