Педесетгодишен градежен работник од селото Соколарци се здобил со тешки телесни повреди откако паднал од висина додека работел на градилиште во Кочани, информира МВР.
Според полицискиот билтен, инцидентот бил пријавен на 12 мај во 11:15 часот од Итната медицинска помош во Кочани.
Повредениот В.Б. работел на градежни активности за фирма од Кочани, а при извршување на работните задачи паднал од висина и се здобил со сериозни повреди.
Поради тежината на повредите, тој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за понатамошно лекување.
По наредба на јавен обвинител, увид на местото извршиле полициски екипи од ОВР Кочани, во соработка со инспектор за безбедност и здравје при работа и инспектор за работни односи.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












