Пари Сен Жермен ја одбрани титулата шампион на Франција, откако на гостински терен го совлада Ленс со 2:0.
Со оваа победа, ПСЖ ја потврди шампионската титула во директен дуел со најголемиот конкурент, на едно коло пред крајот на сезоната.
Ленс со евентуална победа можеше да ја врати неизвесноста во борбата за врвот, но парискиот тим одигра сигурно и ја задржа предноста на табелата, која сега изнесува девет бода.
Хвича Кварацхелија го отвори резултатот во 29-та минута, а Мбаје во судиското продолжение стави точка на победата.
По освојувањето на титулата во домашното првенство, ПСЖ се насочува кон финалето на Лигата на шампионите против Арсенал, кое ќе се игра на 30 мај во Будимпешта.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












