• Импресум
Saturday, May 16, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Скопје под посебен сообраќаен режим поради „Прв до врв“

16/05/2026
Време за читање: 1 минути
A A
Скопје под посебен сообраќаен режим поради „Прв до врв“

Во организација на Здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“, утре во Скопје ќе се одржи 14-тото издание на традиционалната спортско-рекреативна манифестација „Прв до врв“.

Настанот ќе опфати велосипедска трка и планинарска тура кон Водно и Милениумскиот крст, а поради одржувањето ќе биде воведен и посебен режим на сообраќај во делови од главниот град.

Велосипедската трка ќе започне во 09:45 часот пред Музејот на град Скопје, а учесниците ќе се движат по улиците „Св. Кирил и Методиј“, булеварите „Св. Климент Охридски“ и „Мајка Тереза“, потоа по улицата „Тодор Александров“ и локалниот пат кон Средно Водно, сè до Милениумскиот крст.

Планинарската тура ќе стартува во 10:00 часот пред ООУ „Кочо Рацин“ на булеварот „Мајка Тереза“. Учесниците ќе продолжат по улицата „Тодор Александров“, а потоа преку планинската патека кај улицата „Салвадор Аљенде“ ќе се искачуваат кон Средно Водно и врвот кај Милениумскиот крст.

Од СВР Скопје информираат дека за време на настанот ќе има посебен сообраќаен режим, а возилата ќе бидат пренасочувани по околните улици.

Од Министерството за внатрешни работи апелираат граѓаните да ги почитуваат упатствата и наредбите на полициските службеници со цел безбедно и непречено одвивање на манифестацијата.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Петгодишно дете во Гостивар возело електричен тротинет – се здобило со тешки телесни повреди при удар од кола
Вести

Судир на тротинети во Скопје: повредена 62-годишна жена и 12-годишно дете

16/05/2026
Барселона останува без својот голгетер
Спорт

Барселона останува без својот голгетер

16/05/2026
ФФМ со осудува за насилството на натпреварот Брегалница – Шкупи
Вести

ФФМ: Недолично и навредливо однесување на прославата на титулата

16/05/2026
Чаби Алонсо е пред преземање на Челси
Вести

Чаби Алонсо е пред преземање на Челси

16/05/2026
Aко лошо спиете може да добиете мозочен удар
Вести

Научници предупредуваат: Лошите навики за спиење стареат повеќе органи

16/05/2026
Со свеќи и бели балони: Кочани се поклони пред загубените млади животи во Швајцарија
Вести

„Марш на ангелите“ во Виница: Болката не стивнува

16/05/2026
Следна вест
ФФМ со осудува за насилството на натпреварот Брегалница – Шкупи

ФФМ: Недолично и навредливо однесување на прославата на титулата

Најнови вести

Петгодишно дете во Гостивар возело електричен тротинет – се здобило со тешки телесни повреди при удар од кола

Судир на тротинети во Скопје: повредена 62-годишна жена и 12-годишно дете

16/05/2026
Барселона останува без својот голгетер

Барселона останува без својот голгетер

16/05/2026
ФФМ со осудува за насилството на натпреварот Брегалница – Шкупи

ФФМ: Недолично и навредливо однесување на прославата на титулата

16/05/2026
Скопје под посебен сообраќаен режим поради „Прв до врв“

Скопје под посебен сообраќаен режим поради „Прв до врв“

16/05/2026
Чаби Алонсо е пред преземање на Челси

Чаби Алонсо е пред преземање на Челси

16/05/2026
Aко лошо спиете може да добиете мозочен удар

Научници предупредуваат: Лошите навики за спиење стареат повеќе органи

16/05/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.