• Импресум
Monday, May 18, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Продолжуваат дипломатските обиди за решение на иранската нуклеарна криза

18/05/2026
A A
Што ќе се случи ако го изберат за Претседател: Трамп не може да влезе во 37 земји во светот

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно упати остра порака до Иран, предупредувајќи дека времето за решение на нуклеарната криза истекува и дека Техеран мора брзо да реагира за да избегне сериозни последици.

„Часовникот отчукува за Иран и подобро е да дејствуваат, и тоа брзо, или нема да остане ништо од нив. Времето е најважно“, напиша Трамп на својата социјална мрежа Трут Соушл, пренесе Ројтерс.

Новата закана доаѓа само неколку часа по разговорот што Трамп го имал со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, во период кога тензиите околу иранската нуклеарна програма повторно се зголемуваат.

Во меѓувреме, иранската новинска агенција Фарс објави дека САД доставиле предлог со пет точки до Техеран. Според информациите, меѓу барањата се трансфер на ураниум во Вашингтон и воведување дополнителни ограничувања за иранската нуклеарна програма.

Од иранска страна, пак, тврдат дека Вашингтон одбил да ослободи дел од замрзнатите ирански средства, како и да плати компензација за штетите што Иран ги претрпел за време на конфликтите.

Техеран во својот предлог побарал прекин на воените дејствија на сите фронтови, вклучително и во Либан, што останува една од најчувствителните точки во односите со Израел. Дополнително, Иран побарал и укинување на поморската блокада на иранските пристаништа.

И покрај жестоката реторика, Техеран и европските земји засега не се откажуваат од дипломатските разговори за иднината на иранската нуклеарна програма, а од сите страни се испраќаат пораки дека е потребно да се зачува стабилна атмосфера за продолжување на преговорите.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сончево и топло со локална облачност
Вести

Променливо облачно време со сонце и можен дожд

18/05/2026
Кире Лазаров ја заврши кариерата
Вести

Лазаров: Не е важно кој е најдобар, важно е Македонија да победува

17/05/2026
Тетовец обвинет за узурпација: Заградил државна парцела и ја користел како паркинг
Вести

Инцидент во Битола: Возач удрил жена, па физички ја нападнал

17/05/2026
Возбудлив финиш во Винтертур: Македонија и Швајцарија одиграа 29:29
Вести

Фуриозна Македонија пред полни трибини ја растури Словачка

17/05/2026
Вести

17/05/2026
Бруно Фернандеш испиша историја, Манчестер Јунајтед до нов триумф
Вести

Бруно Фернандеш испиша историја, Манчестер Јунајтед до нов триумф

17/05/2026

Најнови вести

БЈБ и семејствата на загинатите припадници со заедничка порака: Хероите не се забораваат

БЈБ и семејствата на загинатите припадници со заедничка порака: Хероите не се забораваат

17/05/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.