Падерборн обезбеди пласман во Бундес-лигата за следната сезона, откако во драматичен двомеч го елиминираше Волфсбург во баражот за место во германската елита.
По ремито без голови на првиот натпревар, реваншот донесе многу возбудувања. Падерборн пред своите навивачи славеше со 2-1 по продолженија и избори враќање во најсилната германска лига.
Волфсбург одлично го отвори натпреварот и поведе уште во третата минута преку Пејчиновиќ. Сепак, ситуацијата брзо се искомплицира за гостите, откако Маеле во 13. минута доби директен црвен картон и го остави својот тим со десетмина фудбалери на теренот.
Падерборн ја искористи бројчаната предност и во 38. минута преку Филип Билбија стигна до израмнување.
Бидејќи во регуларниот дел резултатот остана нерешен, победникот се решаваше во продолженија. Херој на домашниот тим беше Лорин Корда, кој во 100. минута го постигна победничкиот гол за конечни 2-1 и големо славје на трибините.
Со оваа победа Падерборн обезбеди место во Бундес-лигата, додека Волфсбург следната сезона ќе настапува во Втората Бундес-лига.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












