Четириесетгодишен жител на Скопје пријавил во полиција дека бил повреден од својата сопруга за време на семејна расправија во нивниот дом на подрачјето на општина Аеродром.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 11 јули 2026 година околу 09:30 часот. Пријавителот навел дека неговата 42-годишна сопруга Н.Ѓ. фрлила кон него остар предмет, при што му нанела расекотина на раката.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:











