• Импресум
Sunday, July 12, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

СДСМ: Нема да учествуваме на координативната средба

12/07/2026
A A
СДСМ ќе бира претседател на 30 јуни

Левица најави дека во понеделник ќе бара координативна средба на опозициските партии за Изборниот законик. Тоа е веќе видено сценарио во кое сателитските партии на Мицкоски се обидуваат да ја вовлечат опозицијата во неговата валкана игра. Прашањето е едноставно: Зошто опозицијата би требало да се собира по нарачка на Мицкоски?, вели СДСМ во соопштение кое го пренесуваме интегрално:

Дали тој е класен наставник кој ќе ја повикува опозицијата кога сака?

Дали ние треба да ја играме неговата игра и да му правиме театар за јавноста?

СДСМ веќе ги даде своите јасни и конкретни предлози во Собранието. Нема потреба од нови предлози.

Нашите предлози се јасни: гарантираат фер и транспарентни избори и спречуваат можност за изборна кражба, особено на гласовите од дијаспората. Сè друго е претстава.

Ова е класичен обид на Мицкоски, преку своите сателити, да создаде привид дека опозицијата ја блокира реформата на Изборниот законик.

Но вистината е спротивна. Мицкоски е тој кој сака закон со кој ќе може да се крадат гласови од дијаспората.

Тој е оној кој сака да го наметне својот модел на изборна манипулација.

СДСМ нема да учествува во оваа претстава. Нема да му бидеме алиби на Мицкоски.

Нема да се собираме за да му правиме услуга во неговата кампања за предвремени избори.

Единственото што Мицкоски треба да го направи е да се откаже од законот со кој сака да ги намести изборите и да ја украде волјата на граѓаните.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дали пораките до поранешниот партнер се изневерување? Психолозите имаат одговор
Вести

Дали пораките до поранешниот партнер се изневерување? Психолозите имаат одговор

12/07/2026
Новиот крал на тревата: Синер ја одбрани титулата во Лондон
Вести

Новиот крал на тревата: Синер ја одбрани титулата во Лондон

12/07/2026
Пензионер загина патувајќи на протестот за повисоки пензии
Вести

Семејна расправија заврши со повреден маж во скопски Аеродром

12/07/2026
Пензионер загина патувајќи на протестот за повисоки пензии
Вести

Вандализам во Виница: Училиштето најави кривична постапка по снимките од видеонадзорот

12/07/2026
Женската штафета донесе сребро и го урна рекордот стар 27 години
Вести

Женската штафета донесе сребро и го урна рекордот стар 27 години

12/07/2026
Зеленски тврди дека Русите сега ќе напаѓаат уште пожестоко
Вести

Промени во Киев: Зеленски ја менува Владата, премиерката заминува од функцијата

12/07/2026
Следна вест
Пензионер загина патувајќи на протестот за повисоки пензии

Семејна расправија заврши со повреден маж во скопски Аеродром

Најнови вести

Дали пораките до поранешниот партнер се изневерување? Психолозите имаат одговор

Дали пораките до поранешниот партнер се изневерување? Психолозите имаат одговор

12/07/2026
Новиот крал на тревата: Синер ја одбрани титулата во Лондон

Новиот крал на тревата: Синер ја одбрани титулата во Лондон

12/07/2026
Пензионер загина патувајќи на протестот за повисоки пензии

Семејна расправија заврши со повреден маж во скопски Аеродром

12/07/2026
СДСМ ќе бира претседател на 30 јуни

СДСМ: Нема да учествуваме на координативната средба

12/07/2026
Пензионер загина патувајќи на протестот за повисоки пензии

Вандализам во Виница: Училиштето најави кривична постапка по снимките од видеонадзорот

12/07/2026
Женската штафета донесе сребро и го урна рекордот стар 27 години

Женската штафета донесе сребро и го урна рекордот стар 27 години

12/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.