Во периодот по 40-тата година кај жените доаѓа до хормонални промени, побавен метаболизам и поголема склоност кон воспалителни процеси, поради што изборот на појадок станува особено важен за здравјето и енергијата во текот на денот.
Нутриционистката и фитнес инструкторка Тери Татеосијан предупредува дека дел од популарните појадоци, иако изгледаат здраво, всушност можат да предизвикаат нагли скокови на шеќерот во крвта и хормонален дисбаланс.
Како пример, таа го наведува овошниот јогурт со гранола, кој често содржи големи количини додаден шеќер. Наместо тоа, препорачува обичен грчки јогурт без засладувачи, во комбинација со ленено семе, боровинки и цимет.
Друг чест избор што треба да се избегнува е белиот тост со путер и џем, кој брзо се претвора во оброк богат со шеќери, но сиромашен со влакна и протеини. Како поздрава алтернатива се предлага интегрален тост со авокадо, јајца и спанаќ.
Исто така, нутриционистката посочува дека индустриските енергетски плочки и пекарски производи често содржат штетни масти, засладувачи и адитиви, кои можат да доведат до замор и зголемување на телесната тежина. Наместо нив, се препорачува протеинско смути со зеленчук, чиа семе и бобинки.
Според експертите, малите промени во секојдневниот појадок можат значително да придонесат за подобра хормонална рамнотежа, повеќе енергија и подобро општо здравје.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












