Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговиот последен медицински преглед поминал без проблеми, оценувајќи дека „сè било совршено“, но без да открие дополнителни детали за резултатите.
Трамп бил подложен на тричасовен преглед во Националниот воено-медицински центар „Волтер Рид“, што претставува негова трета посета на оваа установа во последните 13 месеци.
Интересот за здравствената состојба на американскиот претседател повторно се зголеми по неодамнешните фотографии на кои се забележува осип на неговиот врат, како и по претходни снимки од минатата година на кои се гледаа отечени глуждови и модринка на раката.
Лекарот на Белата куќа, Шон Барбела, соопшти дека Трамп користи обичен крем како превентивен третман за кожата, но не прецизираше за каква состојба станува збор.
Во врска со претходно објавените фотографии, од Белата куќа порачаа дека не биле утврдени знаци на длабока венска тромбоза или артериско заболување. Според објаснувањето на администрацијата, отокот на нозете бил поврзан со честа венска состојба, додека модринките на раката биле последица на честите ракувања.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












