Јаник Синер избори пласман во финалето на Вимблдон, откако убедливо со 3:0 во сетови го совлада Новак Ѓоковиќ и закажа пресметка за трофејот со Александер Зверев. Италијанецот ќе има можност да ја одбрани титулата освоена минатата година, додека германскиот тенисер за првпат ќе игра во финале на најпрестижниот тениски турнир.
Во нивниот 12. меѓусебен дуел, Синер ја забележа седмата победа против српскиот ас, повторно без загубен сет. Првиот сет беше израмнет до резултат 4:4, по што Италијанецот направи брејк во вистински момент и со сигурен сервис го затвори сетот со 6:4.
Слично сценарио се повтори и во вториот сет. По резултат 3:3, Синер повторно го одзеде сервисот на Ѓоковиќ, ја задржа предноста и со уште едно 6:4 дојде на чекор до победата.
Третиот сет започна со уште еден ранен брејк за Италијанецот. Ѓоковиќ имаше единствена можност да возврати, но не ја искористи брејк-топката, по што Синер целосно ја контролираше играта. До крајот сигурно ги освојуваше своите сервис-гемови и со нови 6:4, по нешто повеќе од два часа игра, обезбеди место во големото финале.
Во неделното финале, кое започнува во 17 часот, Синер ќе се соочи со Александер Зверев во борбата за шампионската титула на Вимблдон.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












