Сè повеќе луѓе се откажуваат од агресивни хемикалии и бараат природни начини за справување со инсектите во домот, особено во летниот период кога мувите стануваат чест проблем. Наместо скапи препарати, експертите советуваат користење состојки кои речиси секое домаќинство веќе ги има дома.
Експертот за безбедност во домот, Нил МекКензи, откри едноставен трик кој може да помогне во одбивањето на мувите – комбинација од лимон и каранфилче. Според него, станува збор за брзо и природно решение кое создава мирис што мувите не го поднесуваат.
Методот е едноставен. Потребно е лимонот да се пресече на половина, а во секоја половина да се забодат неколку каранфилчиња. Потоа, лимонот се поставува на места каде најчесто се појавуваат муви – покрај прозорци, во близина на овошје, до канти за отпадоци или на кујнски површини. Мирисот од цитрусот и природните масла од каранфилчето делуваат како природен репелент.
Експертите советуваат лимонот да се заменува на секои три до пет дена, односно кога ќе почне да се суши и да го губи интензивниот мирис.
Покрај ова, се препорачува и природен спреј направен од бел оцет и масло од нане. За подготовка потребни се една чаша вода, една чаша бел оцет, неколку капки есенцијално масло од нане и малку детергент за садови. Смесата се прска околу прозорците, вратите и другите места каде најчесто влегуваат инсекти.
Стручњаците потенцираат дека најважна е превенцијата. Редовното чистење, покривањето на храната и навременото фрлање расипано овошје и зеленчук значително го намалуваат ризикот од појава на муви во домот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












