• Импресум
Monday, June 1, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Судот пресуди: Условна казна за обезбедувачот на Мицкоски кој физички ја нападна својата сопруга

01/06/2026
A A
(ВИДЕО) СВР Скопје го расчисти случајот со нападот врз девојчето во Чаир

Член на обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски доби условна казна затвор поради семејно насилство врз својата сопруга, откако во судска постапка ја признал вината за делото што му се става на товар.

Станува збор за Раде Ристовски, кој според информациите од Основниот кривичен суд Скопје е осуден на една година и шест месеци затвор. Сепак, станува збор за условна осуда, што значи дека казната нема да биде извршена доколку во следните три години не стори ново кривично дело.

Според обвинението, инцидентот се случил по претходна вербална расправија во семејниот дом. Ристовски најпрво физички ја нападнал сопругата, удирајќи ја во пределот на лицето и главата, а сето тоа се случувало во присуство на нивната малолетна ќерка.

Обвинителството наведува дека насилството продолжило, при што обвинетиот ја фатил жената за вратот и почнал да ја дави. Во нападот таа се здобила со телесни повреди и претрпела психичка траума.

Според обвинението, жената успеала да се засолни во тоалетот, а подоцна се обидела заедно со ќерката да го напушти домот. Во тој момент, како што се наведува, Ристовски ѝ го одзел и оштетил мобилниот телефон. По инцидентот, таа заедно со детето побарала помош кај сосетка, која ги примила во својот дом.

По пријавувањето на случајот, Ристовски бил приведен и му бил определен притвор, а судската постапка завршила со признание на вината и изрекување условна затворска казна.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тензиите растат: Погодени три бродови во Персискиот Залив
Вести

Иран: Нема повеќе дијалог со САД, Ормутскиот теснец е блокиран

01/06/2026
13-годишник со „бмв“ се судри со автомобил, две лица со тешки повреди во болница
Вести

Сообраќајка кај Велес: Возило излетало од коловоз, возачот со тешки повреди

01/06/2026
Филипче: Мицкоски измислува сценарија за хаос затоа што нема резултати
Вести

Филипче: Реформската агенда не е исполнета, се потврди уште една голема лага на Мицкоски

01/06/2026
ВМРО-ДПМНЕ тврди: Заев гради 40-катница во Дубаи
Вести

Манасиевски: Македонија нема да прави нови отстапки без гаранции

01/06/2026
Регулаторна од полноќ со нови цени на горивата
Вести

Дизелот поевтин за 6,5 денари, РКЕ ги објави новите цени

01/06/2026
Несебар: Смртен случај на плажа, полицијата истражува
Вести

Несебар: Смртен случај на плажа, полицијата истражува

01/06/2026
Следна вест
Тензиите растат: Погодени три бродови во Персискиот Залив

Иран: Нема повеќе дијалог со САД, Ормутскиот теснец е блокиран

Најнови вести

Тензиите растат: Погодени три бродови во Персискиот Залив

Иран: Нема повеќе дијалог со САД, Ормутскиот теснец е блокиран

01/06/2026
(ВИДЕО) СВР Скопје го расчисти случајот со нападот врз девојчето во Чаир

Судот пресуди: Условна казна за обезбедувачот на Мицкоски кој физички ја нападна својата сопруга

01/06/2026
13-годишник со „бмв“ се судри со автомобил, две лица со тешки повреди во болница

Сообраќајка кај Велес: Возило излетало од коловоз, возачот со тешки повреди

01/06/2026
Филипче: Мицкоски измислува сценарија за хаос затоа што нема резултати

Филипче: Реформската агенда не е исполнета, се потврди уште една голема лага на Мицкоски

01/06/2026
ВМРО-ДПМНЕ тврди: Заев гради 40-катница во Дубаи

Манасиевски: Македонија нема да прави нови отстапки без гаранции

01/06/2026
Регулаторна од полноќ со нови цени на горивата

Дизелот поевтин за 6,5 денари, РКЕ ги објави новите цени

01/06/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.