И покрај сложеното опкружување, Македонија бележи раст и се движи во позитивна насока, нагласи денеска премиерот Христијан Мицкоски презентирајќи ги резултатите на владата која останува посветена на решавање на проблемите, враќање на долговите и решавање на увезената нафтена криза.
Мицкоски посочи дека податоците на Евростат покажуваат, дека според остварениот раст на БДП, Македонија е зад Малта, Полска и Србија, а според растот на индустриското производство државава е во позитива. За 21 месец отворени се нови околу 17.000 работни места, а бројката на невработени е намалена за околу 8.000, додека невработеноста од 12,5 отсто е намалена на 11,3 отсто.
Тој нагласи дека Владата ќе продолжи со политики што поттикнуваат развој, иновации и економски напредок, а целта е силна, стабилна и конкурентна економија што ќе создава нови работни места, повисоки плати и подобар животен стандард за сите.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












