• Импресум
Thursday, June 4, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Македонија со историски успех: Избрана во Економскиот и социјален совет на ОН

04/06/2026
A A
Македонија со историски успех: Избрана во Економскиот и социјален совет на ОН

Македонија е избрана за членка на Економскиот и социјален совет на Обединетите нации (ЕКОСОК), откако на гласањето во седиштето на светската организација во Њујорк доби поддршка од 174 држави членки.

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оцени дека станува збор за историски успех на македонската дипломатија, бидејќи ова е првпат од независноста државата да стане членка на едно од главните тела во системот на Обединетите нации.

Според него, изборот претставува значајна потврда за кредибилитетот на Македонија и за активната улога што земјата ја има во мултилатералната дипломатија.

„Ова е успех на македонската дипломатија. Успех на посветеност, доверба и работа која често се одвива далеку од очите на јавноста, но носи конкретни резултати. Ова е дипломатски успех кој не се мери само со изборот, туку и со довербата што стои зад него“, истакна Муцунски.

Тој нагласи дека членството во ЕКОСОК претставува уште еден важен чекор во зајакнувањето на позицијата на Македонија во меѓународните институции, по учеството во Советот за човекови права на Обединетите нации и Извршниот совет на Организацијата за забрана на хемиското оружје.

Со членството во ЕКОСОК, Македонија ќе има можност поактивно да учествува во креирањето и спроведувањето на глобалните политики поврзани со економскиот и социјалниот развој, одржливиот развој, хуманитарните прашања и човековите права.

Од Министерството оценуваат дека ова ќе придонесе за дополнително зајакнување на меѓународната видливост на државата, како и за унапредување на нејзиниот углед и кредибилитет на светската сцена.

Економскиот и социјалниот совет е еден од шесте главни органи на Обединетите нации и има клучна улога во координирањето на економските, социјалните и развојните политики во рамките на организацијата.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шкендија во последниот напад прими гол и мора да се задоволи само со бод против Јагелонија
Вести

Ако ФФМ не ја промени одлуката, ќе го напуштиме фудбалот во Македонија, се заканија од Шкендија

04/06/2026
Самит ЕУ – Западен Балкан: Мицкоски присуствуваше на свечена вечера
Вести

Самит ЕУ – Западен Балкан: Мицкоски присуствуваше на свечена вечера

04/06/2026
Ливерпул го назначи Андони Ираола за нов менаџер
Вести

Ливерпул го назначи Андони Ираола за нов менаџер

04/06/2026
Суд во Истанбул го осуди првиот човек на Фенербахче
Вести

Суд во Истанбул го осуди првиот човек на Фенербахче

04/06/2026
Полската Пепелашка испиша историја на Ролан Гарос
Вести

Полската Пепелашка испиша историја на Ролан Гарос

04/06/2026
Владата го усвои Планот за праведна транзиција за 2026 година
Вести

Божиновска: Македонија мора да инвестира во нови технологии и паметни мрежи

04/06/2026
Следна вест
Полската Пепелашка испиша историја на Ролан Гарос

Полската Пепелашка испиша историја на Ролан Гарос

Најнови вести

Шкендија во последниот напад прими гол и мора да се задоволи само со бод против Јагелонија

Ако ФФМ не ја промени одлуката, ќе го напуштиме фудбалот во Македонија, се заканија од Шкендија

04/06/2026
Самит ЕУ – Западен Балкан: Мицкоски присуствуваше на свечена вечера

Самит ЕУ – Западен Балкан: Мицкоски присуствуваше на свечена вечера

04/06/2026
Ливерпул го назначи Андони Ираола за нов менаџер

Ливерпул го назначи Андони Ираола за нов менаџер

04/06/2026
Суд во Истанбул го осуди првиот човек на Фенербахче

Суд во Истанбул го осуди првиот човек на Фенербахче

04/06/2026
Полската Пепелашка испиша историја на Ролан Гарос

Полската Пепелашка испиша историја на Ролан Гарос

04/06/2026
Македонија со историски успех: Избрана во Економскиот и социјален совет на ОН

Македонија со историски успех: Избрана во Економскиот и социјален совет на ОН

04/06/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.