• Импресум
Thursday, June 4, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Полската Пепелашка испиша историја на Ролан Гарос

04/06/2026
Време за читање: 1 минути
A A
Полската Пепелашка испиша историја на Ролан Гарос

Полската тенисерка Маја Хвалинска приреди вистинска сензација на овогодинешниот Ролан Гарос, обезбедувајќи пласман во големото финале уште при своето прво учество на престижниот турнир во Париз.

Дваесет и четиригодишната тенисерка во полуфиналето беше подобра од Дијана Шнајдер, славејќи со 2:0 во сетови (7:6, 6:4) по два часа и десет минути игра на централниот терен „Филип Шатрие“.

Првиот сет донесе голема неизвесност и жестока борба, при што двете тенисерки направија по еден брејк. Победникот беше решен во тај-брејк, каде Хвалинска покажа повеќе смиреност и концентрација, што ѝ овозможи да поведе во мечот.

Во вториот сет Полјачката продолжи во ист ритам, успеа двапати да ѝ го одземе сервисот на противничката и сигурно да ја приведе средбата кон крај за најголемата победа во својата досегашна кариера.

Во финалето ќе се сретне со Мира Андреева, која претходно ја елиминира Марта Костјук. За двете тенисерки ова ќе биде прво гренд слем финале во кариерата.

Успехот на Хвалинска добива уште поголемо значење ако се знае дека пред почетокот на турнирот се наоѓаше на 114. место на ВТА-листата. Благодарение на фантастичниот настап во Париз, таа од следната недела ќе направи огромен напредок и за првпат ќе се најде меѓу најдобрите 30 тенисерки во светот.

Со пласманот во финалето, Хвалинска веќе испиша историја, станувајќи првата тенисерка која преку квалификациите успеала да стигне до финалето на Ролан Гарос. На патот до завршниот меч забележа девет победи, а загуби само еден сет, и тоа во третото коло против Марија Сакари.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шкендија во последниот напад прими гол и мора да се задоволи само со бод против Јагелонија
Вести

Ако ФФМ не ја промени одлуката, ќе го напуштиме фудбалот во Македонија, се заканија од Шкендија

04/06/2026
Самит ЕУ – Западен Балкан: Мицкоски присуствуваше на свечена вечера
Вести

Самит ЕУ – Западен Балкан: Мицкоски присуствуваше на свечена вечера

04/06/2026
Ливерпул го назначи Андони Ираола за нов менаџер
Вести

Ливерпул го назначи Андони Ираола за нов менаџер

04/06/2026
Суд во Истанбул го осуди првиот човек на Фенербахче
Вести

Суд во Истанбул го осуди првиот човек на Фенербахче

04/06/2026
Македонија со историски успех: Избрана во Економскиот и социјален совет на ОН
Вести

Македонија со историски успех: Избрана во Економскиот и социјален совет на ОН

04/06/2026
Владата го усвои Планот за праведна транзиција за 2026 година
Вести

Божиновска: Македонија мора да инвестира во нови технологии и паметни мрежи

04/06/2026
Следна вест
Суд во Истанбул го осуди првиот човек на Фенербахче

Суд во Истанбул го осуди првиот човек на Фенербахче

Најнови вести

Шкендија во последниот напад прими гол и мора да се задоволи само со бод против Јагелонија

Ако ФФМ не ја промени одлуката, ќе го напуштиме фудбалот во Македонија, се заканија од Шкендија

04/06/2026
Самит ЕУ – Западен Балкан: Мицкоски присуствуваше на свечена вечера

Самит ЕУ – Западен Балкан: Мицкоски присуствуваше на свечена вечера

04/06/2026
Ливерпул го назначи Андони Ираола за нов менаџер

Ливерпул го назначи Андони Ираола за нов менаџер

04/06/2026
Суд во Истанбул го осуди првиот човек на Фенербахче

Суд во Истанбул го осуди првиот човек на Фенербахче

04/06/2026
Полската Пепелашка испиша историја на Ролан Гарос

Полската Пепелашка испиша историја на Ролан Гарос

04/06/2026
Македонија со историски успех: Избрана во Економскиот и социјален совет на ОН

Македонија со историски успех: Избрана во Економскиот и социјален совет на ОН

04/06/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.