• Импресум
Friday, June 5, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

По Сараево и Подгорица, Македонскиот народен театар продолжува со регионалната турнеја

05/06/2026
A A
По Сараево и Подгорица, Македонскиот народен театар продолжува со регионалната турнеја

По успешните гостувања во Црна Гора и Босна и Херцеговина, Македонскиот народен театар денеска ќе настапи во Дубровник со претставата „12“. Изведбата ќе се одржи во Казалиште „Марин Држиќ“, една од значајните театарски институции во Република Хрватска.

Од Македонскиот народен театар информираат дека Казалиште „Марин Држиќ“ континуирано соработува со бројни театарски куќи и ансамбли, носејќи пред својата публика разновидни продукции и современи драмски остварувања наменети за сите генерации.

Дубровник има богата театарска традиција и зазема важно место во хрватскиот и регионалниот културен простор. Градот е препознатлив по својата развиена драмска книжевност, сценска уметност и богата театарска дејност, што му обезбедува посебно место во културниот живот на регионот.

Претставата „12“ е поставена според мотиви од култното дело „12 гневни луѓе“ на Реџиналд Роуз, а адаптацијата и режијата се дело на Синиша Евтимов.

Во актерската екипа настапуваат Ѓорѓи Јолевски, Гораст Цветковски, Тони Михајловски, Никола Ристановски, Благој Веселинов, Александар Микиќ, Игор Џамбазов, Јордан Симонов, Нино Леви или Сенко Велинов, Дамјан Цветановски или Оливер Митковски, Владо Јовановски и Сашко Коцев.

„12“ е една од најгледаните и најактуелни претстави на репертоарот на Македонскиот народен театар. Преку силна актерска игра и современ сценски израз, таа отвора важни прашања за правдата, одговорноста, предрасудите и човековата совест.

Со ова гостување, Македонскиот народен театар продолжува активно да ја промовира македонската театарска уметност надвор од државата и да ја продлабочува културната соработка со значајни театарски институции од регионот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Граѓаните во Маврово-Ростуше го одбраа трудот и резултатите, СДСМ доживува нов неуспех
Вести

Мицкоски во Тиват на Самитот ЕУ – Западен Балкан

05/06/2026
Европскиот парламент ја одобри либерализацијата на визниот режим со Косово
Вести

05/06/2026
Зеленски бара од Европа да воведе нафтено ембарго за Русија
Вести

Зеленски му испрати писмо на Путин: Бара директна средба со една цел – крај на војната

05/06/2026
Голема сензација среде Нант: Франција загуби од Брегот на Слоновата Коска
Вести

Голема сензација среде Нант: Франција загуби од Брегот на Слоновата Коска

05/06/2026
Од утре температурата ќе се намали за околу 10 степени
Вести

Следува период на нестабилно и топло време, можно и невреме

05/06/2026
Шкендија во последниот напад прими гол и мора да се задоволи само со бод против Јагелонија
Вести

Ако ФФМ не ја промени одлуката, ќе го напуштиме фудбалот во Македонија, се заканија од Шкендија

04/06/2026
Следна вест
Зеленски бара од Европа да воведе нафтено ембарго за Русија

Зеленски му испрати писмо на Путин: Бара директна средба со една цел - крај на војната

Најнови вести

Мицкоски: Граѓаните во Маврово-Ростуше го одбраа трудот и резултатите, СДСМ доживува нов неуспех

Мицкоски во Тиват на Самитот ЕУ – Западен Балкан

05/06/2026
Европскиот парламент ја одобри либерализацијата на визниот режим со Косово

05/06/2026
Зеленски бара од Европа да воведе нафтено ембарго за Русија

Зеленски му испрати писмо на Путин: Бара директна средба со една цел – крај на војната

05/06/2026
По Сараево и Подгорица, Македонскиот народен театар продолжува со регионалната турнеја

По Сараево и Подгорица, Македонскиот народен театар продолжува со регионалната турнеја

05/06/2026
Голема сензација среде Нант: Франција загуби од Брегот на Слоновата Коска

Голема сензација среде Нант: Франција загуби од Брегот на Слоновата Коска

05/06/2026
Од утре температурата ќе се намали за околу 10 степени

Следува период на нестабилно и топло време, можно и невреме

05/06/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.