• Импресум
Wednesday, July 22, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Мицкоски во Тиват на Самитот ЕУ – Западен Балкан

05/06/2026
Време за читање: 1 минути
A A
Мицкоски: Граѓаните во Маврово-Ростуше го одбраа трудот и резултатите, СДСМ доживува нов неуспех

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе учествува на Самитот Европска Унија – Западен Балкан, кој се одржува во Тиват.

Според информациите од Владата, самитот се одржува во хотелот „Regent Porto Montenegro“, каде лидерите ќе разговараат за актуелните прашања поврзани со европската интеграција на земјите од регионот и за соработката со Европската Унија.

По завршувањето на самитот, во 15:30 часот е закажана заедничка прес-конференција во Naval Heritage Museum во Тиват.

На самитот му претходеше турнејата на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, кој во рамки на посетата на земјите од Западен Балкан се сретна со регионалните лидери, а денеска ќе биде копретседавач на состанокот во Тиват.

Кошта на 2 јуни беше во посета на Скопје, каде оствари средба со Мицкоски, по што беше одржана заедничка прес-конференција.

Тогаш премиерот порача дека Македонија останува цврсто определена кон европскиот пат, без барање привилегии, туку со инсистирање на принципиелен, кредибилен и предвидлив процес во кој реформите и исполнетите обврски ќе бидат вистински вреднувани.

Мицкоски истакна дека во изминатиот период се работи на реформската агенда, зајакнување на институциите, стабилизирање на економијата, привлекување инвестиции и подобрување на јавните услуги.

Тој нагласи дека европската интеграција не е само политичка тема, туку процес кој значи подобро образование, здравство, институции и повисок животен стандард за граѓаните.

Премиерот додаде дека Европа е најсилна кога покажува визија, храброст и доследност кон сопствените вредности, како и дека достоинството, идентитетот и принципиелноста не треба да бидат пречка за европската перспектива.

Од своја страна, Кошта повтори дека усвојувањето на договорените уставни измени останува клучен услов за формален почеток на пристапните преговори со Европската Унија.

Тој нагласи дека најголемиот напредок во процесот се постигнува преку конструктивен дијалог со соседите, спроведување реформи и исполнување на преземените обврски, истакнувајќи дека процесот се базира на заслуги.

Во рамки на својата турнеја, Кошта ги посети и Сараево, Тирана, Приштина, Белград, а ја заврши во Црна Гора, каде денеска копретседава со самитот. Главна тема на состанокот е „Заеднички просперитет и стабилност на Европската Унија и Западен Балкан“.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Силно невреме го погоди Скопје, паднати дрвја и блокирани улици
Вести

МВР со биланс по невремето: 117 оштетени возила, 189 паднати дрвја и 10 повредени

22/07/2026
Расте бројот на загинати во ракетниот напад на воената база во близина на Лавов
Вести

Украина повторно нападна логистички центри на најголемата руска онлајн-компанија, има повредени

22/07/2026
Времето денеска со локален пороен дожд и грмежи
Вести

Променливо време низ земјата: Локално пороен дожд, ветер и можен град

22/07/2026
Осум лица завршија во болница по силното невреме во Скопје
Вести

Скопје по бурата: Повредени граѓани, оштетени објекти и илјадници пријави

21/07/2026
Ѓорѓиевски: Булеварите се проодни, продолжува расчистувањето на паднатите дрвја
Вести

Ѓорѓиевски: Булеварите се проодни, продолжува расчистувањето на паднатите дрвја

21/07/2026
Протест на вработените во ГОБ „8-ми Септември“
Вести

Невремето го оштети и објектот на ГОБ „8 Септември“, најмногу штета на кровната конструкција

21/07/2026
Следна вест
Мицкоски се сретна со Макрон и Мерц на Самитот во Тиват

Мицкоски се сретна со Макрон и Мерц на Самитот во Тиват

Најнови вести

Силно невреме го погоди Скопје, паднати дрвја и блокирани улици

МВР со биланс по невремето: 117 оштетени возила, 189 паднати дрвја и 10 повредени

22/07/2026
Расте бројот на загинати во ракетниот напад на воената база во близина на Лавов

Украина повторно нападна логистички центри на најголемата руска онлајн-компанија, има повредени

22/07/2026
Времето денеска со локален пороен дожд и грмежи

Променливо време низ земјата: Локално пороен дожд, ветер и можен град

22/07/2026
Осум лица завршија во болница по силното невреме во Скопје

Скопје по бурата: Повредени граѓани, оштетени објекти и илјадници пријави

21/07/2026
Ѓорѓиевски: Булеварите се проодни, продолжува расчистувањето на паднатите дрвја

Ѓорѓиевски: Булеварите се проодни, продолжува расчистувањето на паднатите дрвја

21/07/2026
Протест на вработените во ГОБ „8-ми Септември“

Невремето го оштети и објектот на ГОБ „8 Септември“, најмногу штета на кровната конструкција

21/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.