• Импресум
Friday, June 5, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Ѓорѓиевски: Скопје добива нов ГУП и современи сообраќајни решенија

05/06/2026
Време за читање: 1 минути
A A
Орце Ѓорѓиевски: Возам сопствено возило, службените патувања сам си ги плаќам

Како главен град и најголем урбан центар во државата, Скопје секојдневно се соочува со предизвици поврзани со сообраќајниот метеж, зголемениот број возила, потребата од поефикасен јавен превоз и подобра пешачка и велосипедска инфраструктура. Поради тоа, Планот за одржлива урбана мобилност претставува важен чекор кон долгорочно и системско планирање на развојот на градот.

Ова го истакна Орце Ѓорѓиевски на работилницата посветена на обука и имплементација на планови за одржлива урбана мобилност, на која присуствуваа и Александар Николоски, претставници на Владата, градоначалници и претставници на Светска банка.

Ѓорѓиевски најави дека во периодот што следува Град Скопје ќе пристапи кон изработка на нов Генерален урбанистички план, во кој ќе бидат вклучени современи урбани и сообраќајни решенија, подобро поврзување на градот, намалување на сообраќајните тесни грла, безбедни пешачки зони, велосипедски коридори, зелени површини и услови за развој на модерен јавен превоз.

Како еден од најзначајните инфраструктурни проекти го посочи воведувањето на БРТ-системот, кој треба да придонесе за модернизација на јавниот превоз во Скопје.

Тој нагласи дека паралелно со тоа треба да се поттикнува користењето на велосипедот како секојдневно превозно средство, преку изградба на безбедни велосипедски патеки, поврзани коридори, подобра сигнализација и подигнување на сообраќајната култура.

Според него, град кој го стимулира велосипедскиот сообраќај инвестира во поздрава животна средина, почист воздух, помал сообраќаен метеж и поголема слобода на движење за граѓаните.

Во делот на комуналната инфраструктура, Ѓорѓиевски најави дека покрај возилата што ќе ги добие од Владата, Градот ќе набави уште четири нови возила и две претоварни станици за отпад.

Едната претоварна станица ќе биде поставена во Ѓорче Петров и ќе ги опслужува општините Ѓорче Петров, Карпош и Сарај, додека втората ќе биде лоцирана во Гази Баба.

Според градоначалникот, ова решение значително ќе ја подобри ефикасноста на системот за собирање отпад, бидејќи комуналните возила нема да мора постојано да патуваат до депонијата, туку побрзо ќе се враќаат на терен.

Тој информираше и дека е во тек постапка за набавка на 2.600 нови контејнери, кои се очекува да пристигнат во наредниот месец. Станува збор за една од најголемите набавки на контејнери во Скопје во последните десет години.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Двегодишно дете паднало од четврти кат на зграда во Скопје
Вести

Тринаесетгодишник тешко повреден со електричен тротинет во Кичево

05/06/2026
ФФМ со осудува за насилството на натпреварот Брегалница – Шкупи
Вести

ФФМ: Казната за Шкендија останува во сила

05/06/2026
Меџити: Паркот „Ринија“ во Топана стана симбол на промените во Чаир
Вести

Меџити: Паркот „Ринија“ во Топана стана симбол на промените во Чаир

05/06/2026
Пронајдени 5.880 парчиња пиротехника во струмичко
Вести

Жена во Скопје при чистење алат пронашла бомба

05/06/2026
Арналди се повлече поради вирус, Коболи во финале на РГ
Вести

Арналди се повлече поради вирус, Коболи во финале на РГ

05/06/2026
Биткоинот паѓа, а акциите на криптокомпаниите редат загуби
Вести

Биткоинот изгуби повеќе од половина од вредноста во однос на рекордот

05/06/2026
Следна вест
ОЈО: Шестмина признаа вина во „Синџир“, вратени околу 1.000.000 евра

Петрушевски изнесе детали за наводна коруптивна шема во Царината

Најнови вести

Двегодишно дете паднало од четврти кат на зграда во Скопје

Тринаесетгодишник тешко повреден со електричен тротинет во Кичево

05/06/2026
ФФМ со осудува за насилството на натпреварот Брегалница – Шкупи

ФФМ: Казната за Шкендија останува во сила

05/06/2026
Меџити: Паркот „Ринија“ во Топана стана симбол на промените во Чаир

Меџити: Паркот „Ринија“ во Топана стана симбол на промените во Чаир

05/06/2026
Пронајдени 5.880 парчиња пиротехника во струмичко

Жена во Скопје при чистење алат пронашла бомба

05/06/2026
Арналди се повлече поради вирус, Коболи во финале на РГ

Арналди се повлече поради вирус, Коболи во финале на РГ

05/06/2026
Биткоинот паѓа, а акциите на криптокомпаниите редат загуби

Биткоинот изгуби повеќе од половина од вредноста во однос на рекордот

05/06/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.