28-годишна скопјанка пријавила дека била физички нападната од нејзината 56-годишна свекрва, која ѝ го оштетила и возилото, информира Министерството за внатрешни работи.
Според пријавата, инцидентот се случил вчера околу 09:50 часот на подрачјето на Центар, кога свекрвата С. О. најпрво го оштетила нивното возило „пежо боксер“, а потоа со употреба на физичка сила ја извлекла од возилото и ја турнала на земја.
При падот, младата жена се здобила со тешка телесна повреда, која била констатирана во ЈЗУ „Св. Наум Охридски“ во Скопје.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












