• Импресум
Saturday, June 13, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Летово стартува изградбата на автопатот Скопје – Блаце

13/06/2026
Време за читање: 1 минути
A A
На автопатот кон Грција треба да има и хотели, но прво треба коловозот и паркинзите да се средат

Изградбата на автопатот Скопје – Блаце треба да започне во текот на летото, откако е завршена постапката за избор на изведувач на проектот, соопшти вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Според информациите што Министерството ги добило од Европската банка за обнова и развој, за реализација на проектот е избран конзорциум предводен од домашната градежна компанија „Гранит“.

Николоски оцени дека изборот на македонска компанија за изградба на еден од најголемите инфраструктурни проекти во државата претставува значаен поттик за домашниот градежен сектор и доказ дека земјата има капацитет да реализира сложени инфраструктурни зафати.

Тој посочи дека станува збор за исклучително комплексен проект кој опфаќа изградба на пет тунели, две галерии, 12 мостови и вкупно околу 40 инфраструктурни објекти.

Според најавите, автопатот треба да биде завршен во рок од три и пол години, со што ќе се обезбеди современо автопатско поврзување меѓу Македонија, Косово и понатаму кон Црна Гора.

Николоски истакна дека Коридорот 6 има големо стратешко значење за државата, бидејќи го подобрува регионалното поврзување и отвора нови можности за стопанството и бизнис-заедницата, особено преку пристаништето Бар.

Тој упати благодарност до Европската банка за обнова и развој за поддршката на проектот, како и до Владата и Министерството за финансии за обезбедувањето на потребната финансиска конструкција.

Автопатот Скопје – Блаце е еден од клучните инфраструктурни проекти на Коридорот 6 и се очекува значително да го унапреди патното поврзување меѓу Македонија и Косово.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вардар се излеа кај Гостивар, затворен патот кон Чегране
Вести

Драматична интервенција кај Карпош: Спасен 83-годишен маж од давење

13/06/2026
Малолетничка прегазена од автомобил во Арачиново
Вести

Скопјанка пријавила напад од свекрва, повредена завршила во болница, и го оштететила и возилото

13/06/2026
Англија остана без дел од опремата пред првиот натпревар на Мундијалот
Вести

Англија остана без дел од опремата пред првиот натпревар на Мундијалот

13/06/2026
Земјотрес ја стресе Македонија
Вести

Потрес во Егејското Море: Земјотрес почувствуван во регионот на Измир

13/06/2026
По киднапирањето на Мадуро: САД бараат итна евакуација на своите граѓани од Венецуела
Вести

САД и Иран на чекор до историски договор по неколкунеделниот конфликт

13/06/2026
Постои сомнеж за убиство, пронајден е починат 42-годишен маж во Кавадарци што семејството го барало неколку дена
Вести

Обвинителството отвори истрага за сексуална злоупотреба на малолетничка во Битола

13/06/2026
Следна вест
Постои сомнеж за убиство, пронајден е починат 42-годишен маж во Кавадарци што семејството го барало неколку дена

Обвинителството отвори истрага за сексуална злоупотреба на малолетничка во Битола

Најнови вести

Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.