• Импресум
Wednesday, June 17, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

ВЛЕН ја чека визијата на премиерот за промените во Владата

17/06/2026
Време за читање: 1 минути
A A
Владата утре на седница го става укинувањето на економските директори

Во петок и сабота коалициските партнери ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ ќе одржат состаноци посветени на можната реконструкција на Владата. Информацијата ја потврди премиерот Христијан Мицкоски, кој истакна дека очекува продолжување на добрата соработка со ВЛЕН.

„Имаме коректна и пријателска соработка со нашиот коалициски партнер ВЛЕН и очекувам тоа така и да продолжи. По изборите во 2024 година следеа локални избори на кои тие остварија убедлива победа во десет општини, па не гледам причина нашата соработка да не продолжи и понатаму“, изјави Мицкоски.

И во ВЛЕН со внимание го очекуваат состанокот со премиерот. Лидерот на движењето, Билал Касами, посочи дека најпрво сакаат да ја слушнат визијата на Мицкоски, иако веќе имаат сопствен концепт за реконструкција на владините ресори.

„Не можеме да зборуваме пред да се сретнеме со премиерот. Имаме наш концепт за разговорите околу реконструкцијата на Владата, но треба да ја видиме и визијата на премиерот. Потоа ќе можеме да кажеме дали ќе има само промени во рамките на ВЛЕН или и ротација на министерства“, рече Касами.

Осврнувајќи се на можноста за предвремени парламентарни избори, Касами оцени дека во моментов фокусот е ставен на реализацијата на владината програма. Според него, државата нема потреба од предвремени избори, иако ВЛЕН има капацитет да оствари победа доколку тие би се одржале сега.

Во меѓувреме, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, неодамна излезе со став дека предвремени парламентарни избори треба да се организираат напролет и повика на мобилизација на партиските структури. Од друга страна, премиерот Мицкоски останува на позицијата дека парламентарните избори треба да се одржат во редовниот термин во 2028 година.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јаневска: Октомври е, а учебници по сите предмети сѐ уште нема, Шаќири и Велева авторите на учебниците ги делат на партиски подобни и неподобни
Uncategorized

Јаневска: Државната матура помина со многу помалку препишување од претходно

16/06/2026
(Видео) Смртта на Един Авдиќ го расплака долгогодишниот колега Ненад Костиќ
Uncategorized

(Видео) Смртта на Един Авдиќ го расплака долгогодишниот колега Ненад Костиќ

06/06/2026
Студентските домови „Стив Наумов“ и „Кузман“ ќе бидат целосно реновирани до октомври
Uncategorized

Студентските домови „Стив Наумов“ и „Кузман“ ќе бидат целосно реновирани до октомври

28/05/2026
Почина познатиот актер Чак Норис
Uncategorized

Почина познатиот актер Чак Норис

20/03/2026
Жена и дете загинаа во тешка сообраќајка на патот Крушево – Кривогаштани
Uncategorized

Седумдесетгодишна жена почина по сообраќајка во Струга

22/02/2026
Масовна тепачка во центарот на Скопје
Uncategorized

Расправија за паркинг ескалираше во тепачка на гробишта во Ѓорче Петров

25/01/2026
Следна вест
Томас Вајц: Не треба да ја губиме мотивацијата на Македонија на европскиот пат

Не беше прифатен предлогот за бришење на Вториот протокол од извештајот

Најнови вести

Поставени нови клупи и корпи долж кејот во Скопје

Поставени нови клупи и корпи долж кејот во Скопје

17/06/2026
Охрид бара отстранување на пловни објекти од јавните површини

Охрид бара отстранување на пловни објекти од јавните површини

17/06/2026
Рекорд на Кристијано Роналдо

Кристијано Роналдо стана најстариот стартер во историјата на Светските првенства

17/06/2026
Титулата се врати во Скопје – Вардар убедливо до трофејот

Вардар меѓу кандидатите за специјална покана во Лигата на шампионите

17/06/2026
Томас Вајц: Не треба да ја губиме мотивацијата на Македонија на европскиот пат

Не беше прифатен предлогот за бришење на Вториот протокол од извештајот

17/06/2026
Владата утре на седница го става укинувањето на економските директори

ВЛЕН ја чека визијата на премиерот за промените во Владата

17/06/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.