Летото на северната полутопка официјално започнува на 21 јуни во 10:24 часот, додека во истиот момент на јужната полутопка започнува зимската сезона.
Со почетокот на летото настапува и најдолгиот ден во годината. Сонцето тогаш го достигнува својот највисок дневен пат над хоризонтот – изгрева на североисток, на пладне е на најголема висина, а заоѓа на северозапад.
Астрономите овој момент го нарекуваат летен сонцестој или летен солстициум. Во овој период изгледа како Сонцето неколку дена да ја задржува истата висина на небото, поради што и го добило називот „сонцестој“.
Според астрономските пресметки, летото ќе трае 93 дена, 15 часа и 40 минути и ќе заврши на 23 септември во 02:05 часот, кога официјално започнува есента.
По летниот сонцестој деновите постепено ќе стануваат пократки, а ноќите подолги, сè до 21 декември, кога започнува зимата.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












