СДСМ преку соопштение обвини дека, според нив, „ЗНАМ 2.0“ не е создадена за јавна политичка дебата, туку со цел да се ослаби партијата одвнатре.
Од партијата наведуваат дека изјавите на Игор Ивановски – Шема дополнително потврдиле дека оваа платформа не била наменета за разговор за иднината на државата, туку за, како што велат, уривање на СДСМ.
„Откако му пропадна ЗНАМ, сега Мицкоски со препакуван проект се обидува да го слабее СДСМ и јавната дебата, наместо за криминалот на власта да се пренасочи кон внатрешните прашања на СДСМ“, наведуваат од партијата.
Според СДСМ, „ЗНАМ 2.0“ се залага за укинување на директниот избор на партиското раководство од страна на членството, што, како што оценуваат, претставува напад врз внатрепартиската демократија.
„Им пречи демократијата во СДСМ, па бараат да се укине највисокиот демократски чин – правото на членовите непосредно да го избираат своето раководство. Тие би сакале тоа да се прави зад затворени врати“, стои во реакцијата.
Од СДСМ додаваат дека обидите за политичко слабеење на партијата нема да успеат и дека, како што велат, ќе им се спротивстават на „сите сателити на Мицкоски и неговата криминална организирана група“.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












