Полициски службеници од СВР Скопје вчера попладне го лишиле од слобода 21-годишниот С.Б. од Скопје, кој се сомничи за обљуба врз малолетничка, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Според информациите од МВР, истиот ден во 13:20 часот, жена од Скопје пријавила дека на 3 јули на подрачјето на Шуто Оризари, осомничениот се обидел да изврши обљуба врз нејзината 16-годишна ќерка.
Во пријавата било наведено и дека пред околу шест месеци истиот осомничен извршил обљуба врз малолетничката, а настанот бил снимен со мобилен телефон од страна на негов пријател.
Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот против осомничениот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












