• Импресум
Thursday, July 16, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Македонија доминантно до нова победа и пласман во следната фаза

05/07/2026
Време за читање: 1 минути
A A
Македонија доминантно до нова победа и пласман во следната фаза

Македонската кошаркарска репрезентација ја заврши првата фаза од претквалификациите за Европското првенство 2029 со максимален ефект, откако на гостински терен го совлада Луксембург со 80-66 и ја забележа шестата победа во исто толку натпревари.

Иако пласманот во следната рунда беше обезбеден уште пред овој натпревар, селекторот Жозеп Марија Берокал настапи со комбиниран состав. Андреј Јакимовски не беше во тимот, додека капитенот Војдан Стојановски не доби минутажа.

Можност добија повеќе млади кошаркари и играчи со помала минутажа, а успешен дебитантски настап имаше и натурализираниот кошаркар Нејт Сестина, кој веднаш остави силен впечаток.

Македонија уште од почетокот го контролираше натпреварот. По водството од 18-9 во првата четвртина, следуваше одлична игра во вториот период, кога македонските кошаркари стигнаа и до највисоки 19 поени предност (46-27) на полувремето.

Во третата четвртина Луксембург успеа да ја намали разликата на десет поени, но Македонија брзо ја врати контролата и не дозволи противникот сериозно да се доближи до крајот на мечот.

Најефикасен во македонскиот состав беше дебитантот Нејт Сестина со 18 поени. Виктор Ташовски постигна 16 поени, седум скока и седум асистенции, Стојан Ѓуроски реализираше 13 поени, а Валмир Какруки и Виктор Ефремовски натпреварот го завршија со по 12 поени.

Македонија втората фаза од претквалификациите за Европското првенство 2029 ќе ја започне кон крајот на август, а противниците ќе ги дознае на ждрепката закажана за 15 јули во Минхен.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

УЕФА подготвува противкандидат против Инфантино?
Вести

УЕФА подготвува противкандидат против Инфантино?

15/07/2026
Трагедија на Халкидики: Почина и таткото, три жртви од исто семејство
Вести

Трагедија на Халкидики: Почина и таткото, три жртви од исто семејство

15/07/2026
Сиљановска Давкова: Македонско-француското пријателство се темели на меѓусебна почит
Ударни вести

Сиљановска Давкова: Македонско-француското пријателство се темели на меѓусебна почит

15/07/2026
Ојарзабал и Поро ја однесоа Шпанија во финалето
Вести

Ојарзабал и Поро ја однесоа Шпанија во финалето

14/07/2026
Доколку продолжи аматеризмот, европска есен може да биде само сон за Вардар
Вести

Голема борба во Финска: Вардар победи, но не успеа да го елиминира КуПС

14/07/2026
Здружението на приватни лекари бара покачување на платите за приближно 10 %
Вести

Се претставувал како лекар и зел над 41 илјада евра од жртви во Хрватска

14/07/2026
Следна вест
Петровска бара да в недела да нема избори за претседател на СДСМ

Петровска: Ако не се менуваме, СДСМ ќе исчезне

Најнови вести

Аргентина со нов пресврт ја елиминира Англија и оди во финале

Аргентина со нов пресврт ја елиминира Англија и оди во финале

15/07/2026
Македонија има неефикасно и неефективно управување со ризиците од пожарите, смета ДЗР

Надлежните со нов биланс: Два активни пожари и еден под контрола

15/07/2026
УЕФА подготвува противкандидат против Инфантино?

УЕФА подготвува противкандидат против Инфантино?

15/07/2026
Трагедија на Халкидики: Почина и таткото, три жртви од исто семејство

Трагедија на Халкидики: Почина и таткото, три жртви од исто семејство

15/07/2026
Нема активни пожари во Македонија

Густ чад го прекри Охрид, пожар гори кај „Бараки“

15/07/2026
Драма на Треска, спасени три момчиња по зголемен испуст од браната

Драма на Треска, спасени три момчиња по зголемен испуст од браната

15/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.