• Импресум
Monday, July 6, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Еуролинк осигурување со стратешка докапитализација од 5,85 милиони евра – капиталот надминува 20,5 милиони евра

06/07/2026
Време за читање: 1 минути
A A
Еуролинк осигурување со стратешка докапитализација од 5,85 милиони евра – капиталот надминува 20,5 милиони евра

Еуролинк осигурување го зголемува својот капитал за 5,85 милиони евра преку докапитализација обезбедена од матичната компанија Grazer Wechselseitige Versicherung AG (групација ГРАВЕ) со седиште во Грац, Австрија, една од водечките европски осигурителни групации. Одлуката беше разгледана на Собранието на акционери, а со нејзиното усвојување вкупниот капитал на Друштвото надминува 20,5 милиони евра.

Со докапитализацијата, вкупниот капитал на Еуролинк осигурување достигнува 1,26 милијарди денари (20,5 милиони евра), што претставува значително зајакнување на веќе исклучително стабилната капитална позиција на компанијата. Со овој чекор, Еуролинк осигурување располага со капитал кој е 6,8 пати повисок од законски пропишаниот гарантен фонд и 5,5 пати повисок од потребното ниво на солвентност, што ја вбројува меѓу капитално најстабилните осигурителни компании на пазарот. Новото капитално зајакнување е стратешка одлука насочена кон идни инвестиции, развој на нови деловни можности и проширување на присуството на компанијата во нови сегменти на финансискиот пазар.

„Ни претставува особена чест што нашиот акционер ГРАВЕ продолжува да го препознава потенцијалот на македонскиот осигурителен пазар и преку Еуролинк осигурување ја реализира својата стратегија за понатамошно зајакнување и развој на своето присуство во земјата. Оваа инвестиција претставува потврда за довербата што нашиот акционер ја има во Еуролинк осигурување и во тимот на компанијата. Особено сме горди што новата докапитализација доаѓа во период кога компанијата веќе има исклучително високо ниво на капитална адекватност и солвентност. Тоа ни дава дополнителен потенцијал за инвестирање, иновации и понатамошен раст во интерес на нашите клиенти и партнери“, изјави Марија Томеска, претседател на Управниот одбор на Еуролинк осигурување.

„Како меѓународна осигурителна групација, ГРАВЕ ги насочува своите инвестиции кон пазари на кои препознава долгорочен потенцијал и стабилни партнери. Македонскиот пазар е еден од тие пазари, а Еуролинк осигурување е компанија која низ годините потврди дека има експертиза да создава вредност, да расте одржливо и да ја оправда довербата на своите акционери. Оваа докапитализација е дел од нашата долгорочна стратегија за развој во регионот и претставува инвестиција во идните можности на македонскиот финансиски пазар“, изјави Клаус Шајтегел, претседател на Одборот на директори на групацијата ГРАВЕ и претседател на Надзорниот одбор на Еуролинк осигурување.

Со силна поддршка од групацијата ГРАВЕ и јасна развојна стратегија, Еуролинк останува фокусиран на унапредување на услугите, дигитализација на процесите и создавање современи осигурителни и финансиски решенија прилагодени на потребите на клиентите. Компанијата ќе продолжи да ја зајакнува својата пазарна позиција и да придонесува кон развојот на финансискиот сектор во Македонија.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Приведени двајца криминалци од Арачиново барани со потерница
Вести

Една година затвор за младич кој ширел паника со дојави за бомби

06/07/2026
Бесплатно психолошко советување за млади од 15 до 19 години во Скопје
Вести

Бесплатно психолошко советување за млади од 15 до 19 години во Скопје

06/07/2026
Нов биланс по земјотресите во Венецуела: Над 3.300 загинати, спасени речиси 7.000 лица
Вести

Нов биланс по земјотресите во Венецуела: Над 3.300 загинати, спасени речиси 7.000 лица

06/07/2026
МВР доби нов Каталог за обуки на полициските службеници
Вести

МВР доби нов Каталог за обуки на полициските службеници

06/07/2026
Еве ги новите цени на горивата!
Вести

РКЕ ги објави новите цени – од полноќ поскапи горивата

06/07/2026
Кучевишка бара добива нов спортско-рекреативен центар
Вести

Кучевишка бара добива нов спортско-рекреативен центар

06/07/2026
Следна вест
Еве ги новите цени на горивата!

РКЕ ги објави новите цени - од полноќ поскапи горивата

Најнови вести

Приведени двајца криминалци од Арачиново барани со потерница

Една година затвор за младич кој ширел паника со дојави за бомби

06/07/2026
Бесплатно психолошко советување за млади од 15 до 19 години во Скопје

Бесплатно психолошко советување за млади од 15 до 19 години во Скопје

06/07/2026
Нов биланс по земјотресите во Венецуела: Над 3.300 загинати, спасени речиси 7.000 лица

Нов биланс по земјотресите во Венецуела: Над 3.300 загинати, спасени речиси 7.000 лица

06/07/2026
МВР доби нов Каталог за обуки на полициските службеници

МВР доби нов Каталог за обуки на полициските службеници

06/07/2026
Еве ги новите цени на горивата!

РКЕ ги објави новите цени – од полноќ поскапи горивата

06/07/2026
Еуролинк осигурување со стратешка докапитализација од 5,85 милиони евра – капиталот надминува 20,5 милиони евра

Еуролинк осигурување со стратешка докапитализација од 5,85 милиони евра – капиталот надминува 20,5 милиони евра

06/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.