• Импресум
Tuesday, July 7, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

КуПС со голема предност пред реваншот, Вардар загуби на домашен терен

07/07/2026
A A

Македонскиот шампион Вардар со пораз ги почна квалификациите за Лигата на шампионите, откако вечерва на арената „Тодор Проески“ загуби од финскиот КуПС со 0:2 во првиот натпревар од воведното квалификациско коло.

Гостите одиграа сигурен и дисциплиниран натпревар, контролирајќи го ритамот во поголемиот дел од средбата и заслужено стекнувајќи солидна предност пред реваншот во Финска.

Вардар имаше добар почеток и во првите дваесетина минути успеа да воспостави рамнотежа на теренот. Закариќ се закани со удар кон голот, додека на спротивната страна голманот Талески спречи сигурен погодок по обидот на Енгвал.

Сепак, КуПС поведе во судиското продолжение од првото полувреме. По корнерот што го изведе Антви, Магаса остана осамен на втората статива и со прецизен удар ја испрати топката во мрежата за 0:1.

Финскиот шампион ја зголеми предноста веднаш по почетокот на второто полувреме. Амра шутираше од работ на шеснаесетникот, а топката заврши во голот за водство од 0:2.

До крајот на натпреварот Вардар не успеа да создаде посериозен притисок. КуПС мирно ја контролираше играта и не дозволи домаќините да се вратат во натпреварот. Најдобрата можност за Вардар ја имаше Николов во 74. минута, но неговиот удар заврши покрај голот.

Со овој пораз, Вардар ќе има тешка задача на реваншот во Финска, каде ќе се обиде да ја надомести негативата и да остане во трката за пласман во следната рунда од квалификациите за Лигата на шампионите.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Селекторот на Египет бесен по елиминацијата: Најсрамното Светско првенство, овој натпревар беше наместен
Вести

Унгарските државни медиуми влегуваат во период на големи реформи

Аргентина губеше 0:2, но Меси ја одведе до четвртфинале на светското првенство

Проданоски: Старо Лагово ќе стане центар на спорт, забава и адреналин
Вести

Проданоски: Прилеп е подготвен за „Пиво фест 2026“, градот ги пречекува гостите од 17 до 19 јули

07/07/2026
Општина Прилеп: Одличната атмосфера продолжува и вечерва – заедничко следење на фудбалските натпревари на Камена бина

Жена и дете загинаа во тешка сообраќајка на патот Крушево – Кривогаштани
Вести

Тешка сообраќајка во населбата Млаки во Гостивар: Повредени седум лица

07/07/2026
Следна вест
Општина Прилеп: Одличната атмосфера продолжува и вечерва – заедничко следење на фудбалските натпревари на Камена бина

Општина Прилеп: Одличната атмосфера продолжува и вечерва – заедничко следење на фудбалските натпревари на Камена бина

Најнови вести

Селекторот на Египет бесен по елиминацијата: Најсрамното Светско првенство, овој натпревар беше наместен

Селекторот на Египет бесен по елиминацијата: Најсрамното Светско првенство, овој натпревар беше наместен

07/07/2026
Унгарските државни медиуми влегуваат во период на големи реформи

Унгарските државни медиуми влегуваат во период на големи реформи

07/07/2026
Аргентина губеше 0:2, но Меси ја одведе до четвртфинале на светското првенство

Аргентина губеше 0:2, но Меси ја одведе до четвртфинале на светското првенство

07/07/2026
Проданоски: Старо Лагово ќе стане центар на спорт, забава и адреналин

Проданоски: Прилеп е подготвен за „Пиво фест 2026“, градот ги пречекува гостите од 17 до 19 јули

07/07/2026
Општина Прилеп: Одличната атмосфера продолжува и вечерва – заедничко следење на фудбалските натпревари на Камена бина

Општина Прилеп: Одличната атмосфера продолжува и вечерва – заедничко следење на фудбалските натпревари на Камена бина

07/07/2026
КуПС со голема предност пред реваншот, Вардар загуби на домашен терен

КуПС со голема предност пред реваншот, Вардар загуби на домашен терен

07/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.