Седум лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила синоќа во населбата Млаки во Гостивар, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Несреќата била пријавена во 23:10 часот во ОВР Гостивар, а во неа учествувале патничко возило „цитроен берлинго“, управувано од 59-годишниот Р.Ј. од Гостивар, и „сеат леон“, зад чиј волан бил 70-годишниот О.Р., исто така од Гостивар.
Со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, како и сопатниците М.С. (64), З.И. (45) и С.Р. (60). Повредените биле пренесени на лекување во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Телесни повреди добиле и сопатниците Д.П.Г. (59) и П.А. (54), кои биле прегледани во Медицинскиот центар во Гостивар.
Увид на местото на несреќата извршила екипа на ОВР Гостивар, а причините за судирот се утврдуваат.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












