• Импресум
Wednesday, July 8, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

(Видео) Колумбија испадна по пенали, Швајцарија оди на Аргентина

08/07/2026
Време за читање: 1 минути
A A
(Видео) Колумбија испадна по пенали, Швајцарија оди на Аргентина

Швајцарија се пласираше во четвртфиналето на Светското првенство, откако по вистинска фудбалска драма ја совлада Колумбија со 4:3 на пенали, по 120 минути игра без голови.

Очекувано, натпреварот донесе голема борба и тактичко надмудрување. На првата вистинска шанса се чекаше повеќе од 20 минути, кога Густаво Пуерта се закани по голот на Швајцарија, но неговиот удар одлично го одбрани Грегор Кобел.

Швајцарците возвратија преку Фабиан Ридер, но сигурен беше и колумбискиот голман Камило Варгас, па мрежите мируваа до полувремето.

Во вториот дел Швајцарија заигра поофанзивно. Џибрил Соу прв се закани по паузата, а Ридер беше блиску до погодок од слободен удар во 53. минута. Колумбија најдобрата можност ја имаше десетина минути подоцна, кога Луис Суарес шутираше покрај голот од работ на шеснаесетникот.

Како што се ближеше крајот на регуларниот дел, темпото опадна, а двата тима играа претпазливо, па победникот мораше да се бара во продолженијата.

Дополнителните 30 минути донесоа многу повеќе возбудувања. Колумбија беше поконкретна, ја погоди пречката и создаде уште неколку одлични шанси, но Кобел повторно беше на висина на задачата.

Најголемата можност за победа Колумбија ја пропушти во 115. минута. Хаминтон Кампас излезе сам пред Кобел по грешка на швајцарската одбрана, но шутираше високо над голот.

Бидејќи немаше голови ниту по продолженијата, победникот беше решен со пенали. Швајцарија беше посмирена и посигурна, славеше со 4:3 и обезбеди место во четвртфиналето.

Кај Колумбија непрецизни беа Давинсон Санчес, кој ја погоди пречката, и Кучо Ернандес, чиј удар го одбрани Кобел. Единственото промашување за Швајцарија го имаше Мануел Аканџи, но тоа не ги спречи Швајцарците да закажат четвртфинален дуел со Аргентина.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ се менува и се прилагодува на новите предизвици
Вести

Вратата од ЕУ е отворена, не ја пропуштајте можноста, тоа е во ваши раце, истакна Марта Кос

08/07/2026
Кисела Вода бесплатно ќе го собира кабастиот отпад
Вести

„Комунална хигиена“ во првите 6 месеци од годинава собрала над 82.000 тони комунален отпад

08/07/2026
Левица: Наместо отчет пред лозарите – Мицкоски во увид на најскапиот тендер во Кавадарци
Вести

ВМРО-ДПМНЕ и ВРЕДИ во Град Скопје не прифатиле еден автобуски билет да трае 2 часа од првото валидирање, реагираат од Левица

08/07/2026
Кривичниот суд доби ново раководство, Судскиот совет ја избра Димовска
Вести

Кривичниот суд доби ново раководство, Судскиот совет ја избра Димовска

08/07/2026
Објавено и видео од завршената реконструкција на пругата за товарен сообраќај на релација Драчево – Илинден
Вести

Објавено и видео од завршената реконструкција на пругата за товарен сообраќај на релација Драчево – Илинден

08/07/2026
Обвинет за четири тешки дела, утре пред Судот во Куманово застанува осомничениот сериски убиец
Вести

Обвинет за четири тешки дела, утре пред Судот во Куманово застанува осомничениот сериски убиец

08/07/2026
Следна вест
13-годишник со „бмв“ се судри со автомобил, две лица со тешки повреди во болница

Пензионер прегази 84-годишна жена

Најнови вести

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ се менува и се прилагодува на новите предизвици

Вратата од ЕУ е отворена, не ја пропуштајте можноста, тоа е во ваши раце, истакна Марта Кос

08/07/2026
Кисела Вода бесплатно ќе го собира кабастиот отпад

„Комунална хигиена“ во првите 6 месеци од годинава собрала над 82.000 тони комунален отпад

08/07/2026
Левица: Наместо отчет пред лозарите – Мицкоски во увид на најскапиот тендер во Кавадарци

ВМРО-ДПМНЕ и ВРЕДИ во Град Скопје не прифатиле еден автобуски билет да трае 2 часа од првото валидирање, реагираат од Левица

08/07/2026
Кривичниот суд доби ново раководство, Судскиот совет ја избра Димовска

Кривичниот суд доби ново раководство, Судскиот совет ја избра Димовска

08/07/2026
Објавено и видео од завршената реконструкција на пругата за товарен сообраќај на релација Драчево – Илинден

Објавено и видео од завршената реконструкција на пругата за товарен сообраќај на релација Драчево – Илинден

08/07/2026
Обвинет за четири тешки дела, утре пред Судот во Куманово застанува осомничениот сериски убиец

Обвинет за четири тешки дела, утре пред Судот во Куманово застанува осомничениот сериски убиец

08/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.