• Импресум
Thursday, July 16, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

(Видео) Колумбија испадна по пенали, Швајцарија оди на Аргентина

08/07/2026
Време за читање: 1 минути
A A
(Видео) Колумбија испадна по пенали, Швајцарија оди на Аргентина

Швајцарија се пласираше во четвртфиналето на Светското првенство, откако по вистинска фудбалска драма ја совлада Колумбија со 4:3 на пенали, по 120 минути игра без голови.

Очекувано, натпреварот донесе голема борба и тактичко надмудрување. На првата вистинска шанса се чекаше повеќе од 20 минути, кога Густаво Пуерта се закани по голот на Швајцарија, но неговиот удар одлично го одбрани Грегор Кобел.

Швајцарците возвратија преку Фабиан Ридер, но сигурен беше и колумбискиот голман Камило Варгас, па мрежите мируваа до полувремето.

Во вториот дел Швајцарија заигра поофанзивно. Џибрил Соу прв се закани по паузата, а Ридер беше блиску до погодок од слободен удар во 53. минута. Колумбија најдобрата можност ја имаше десетина минути подоцна, кога Луис Суарес шутираше покрај голот од работ на шеснаесетникот.

Како што се ближеше крајот на регуларниот дел, темпото опадна, а двата тима играа претпазливо, па победникот мораше да се бара во продолженијата.

Дополнителните 30 минути донесоа многу повеќе возбудувања. Колумбија беше поконкретна, ја погоди пречката и создаде уште неколку одлични шанси, но Кобел повторно беше на висина на задачата.

Најголемата можност за победа Колумбија ја пропушти во 115. минута. Хаминтон Кампас излезе сам пред Кобел по грешка на швајцарската одбрана, но шутираше високо над голот.

Бидејќи немаше голови ниту по продолженијата, победникот беше решен со пенали. Швајцарија беше посмирена и посигурна, славеше со 4:3 и обезбеди место во четвртфиналето.

Кај Колумбија непрецизни беа Давинсон Санчес, кој ја погоди пречката, и Кучо Ернандес, чиј удар го одбрани Кобел. Единственото промашување за Швајцарија го имаше Мануел Аканџи, но тоа не ги спречи Швајцарците да закажат четвртфинален дуел со Аргентина.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Аргентина со нов пресврт ја елиминира Англија и оди во финале
Вести

Аргентина со нов пресврт ја елиминира Англија и оди во финале

15/07/2026
Македонија има неефикасно и неефективно управување со ризиците од пожарите, смета ДЗР
Вести

Надлежните со нов биланс: Два активни пожари и еден под контрола

15/07/2026
УЕФА подготвува противкандидат против Инфантино?
Вести

УЕФА подготвува противкандидат против Инфантино?

15/07/2026
Трагедија на Халкидики: Почина и таткото, три жртви од исто семејство
Вести

Трагедија на Халкидики: Почина и таткото, три жртви од исто семејство

15/07/2026
Нема активни пожари во Македонија
Вести

Густ чад го прекри Охрид, пожар гори кај „Бараки“

15/07/2026
Драма на Треска, спасени три момчиња по зголемен испуст од браната
Вести

Драма на Треска, спасени три момчиња по зголемен испуст од браната

15/07/2026
Следна вест
13-годишник со „бмв“ се судри со автомобил, две лица со тешки повреди во болница

Пензионер прегази 84-годишна жена

Најнови вести

Аргентина со нов пресврт ја елиминира Англија и оди во финале

Аргентина со нов пресврт ја елиминира Англија и оди во финале

15/07/2026
Македонија има неефикасно и неефективно управување со ризиците од пожарите, смета ДЗР

Надлежните со нов биланс: Два активни пожари и еден под контрола

15/07/2026
УЕФА подготвува противкандидат против Инфантино?

УЕФА подготвува противкандидат против Инфантино?

15/07/2026
Трагедија на Халкидики: Почина и таткото, три жртви од исто семејство

Трагедија на Халкидики: Почина и таткото, три жртви од исто семејство

15/07/2026
Нема активни пожари во Македонија

Густ чад го прекри Охрид, пожар гори кај „Бараки“

15/07/2026
Драма на Треска, спасени три момчиња по зголемен испуст од браната

Драма на Треска, спасени три момчиња по зголемен испуст од браната

15/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.