Руската армија извршила координиран напад со прецизно копнено оружје врз објекти поврзани со украинскиот воено-индустриски комплекс во Киев, соопшти руското Министерство за одбрана.
Во исто време, градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, информираше преку социјалните мрежи дека неколку лица биле повредени во руските воздушни напади врз украинската престолнина.
Од руското Министерство за одбрана наведуваат дека меѓу целите на нападот била фабрика на компанијата „Самсунг Украина“, за која Москва тврди дека била користена за производство и складирање компоненти за ракетите „Фламинго“, како и објект за склопување беспилотни летала со среден и долг дострел.
Украинските власти засега не ги потврдиле овие наводи, ниту објавиле информации за евентуална штета врз посочените објекти.
Нападите врз Киев се случуваат во период на продолжени интензивни борби и размена на воздушни напади меѓу Русија и Украина. Информациите што ги објавуваат двете страни често не можат веднаш независно да бидат потврдени.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












