Во Основниот суд во Куманово утре започнува судскиот процес против мажот од Старо Нагоричане, кој е обвинет за серија тешки кривични дела што ја вознемирија јавноста во Македонија.
Обвинетиот се товари за четири кривични дела, меѓу кои и повеќекратни убиства извршени со умисла во текот на оваа и минатата година.
Според обвинението, жртви биле неколку жени, од кои најголем дел биле повозрасни и живееле сами. Единствено една од жртвите била 35-годишна жена.
Обвинителството ќе ги презентира доказите во текот на судската постапка, која треба да ги утврди сите околности и одговорноста на обвинетиот.
За делата за кои се товари, на обвинетиот му се заканува казна затвор од 10 години до доживотен затвор.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












