Завршена е реконструкцијата на железничката пругата на делницата Драчево – Илинден, со што товарните возови ќе бидат пренасочени надвор од главниот град. Ова го објави министерот за транспорт Александар Николоски, кој заедно со директорот на ЈП Железници Инфраструктура Синиша Ивановски, изврши увид на реконструираната делница и тест-возење.
Според Николоски, по оваа пруга ќе сообраќа исклучиво товарен железнички сообраќај, што ќе придонесе за намалување на загадувањето и подобра организација на транспортот. Министерот оцени дека проектот ќе овозможи побрз транспорт на стока по Коридорот 10 и ќе придонесе за развој на бизнисот и железничкиот сообраќај.
Николоски најави и дека најдоцна до 1 септември треба да биде пуштена во употреба и првата линија на Градскиот воз. Според најавите, таа ќе сообраќа на релација Зелениково – Драчево – центарот на Скопје.












