Повеќе од 82 илјади тони комунален отпад се собрани и транспортирани од скопските домаќинства и компании во првите шест месеци од годинава, информира ЈП „Комунална хигиена – Скопје“.
Во истиот период се расчистени и 14.535 кубни метри отпад од диви депонии на територијата на сите скопски општини, при што најмногу отпад е отстранет во Општина Центар.
Нивната еко-патролата во изминатиот период изготвила 274 записници против лица и компании затекнати при неправилно одлагање отпад, а најмногу прекршоци се регистрирани во Општина Чаир.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












