• Импресум
Thursday, July 9, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

ДЗР откри сериозни пропусти во Агенцијата за вработување

09/07/2026
Време за читање: 1 минути
A A
ДЗР откри сериозни пропусти во Агенцијата за вработување

Повеќе од 23 милиони евра државни средства наменети за активни мерки за вработување во 2024 година не биле распределени рамномерно низ државата, туку најголемиот дел завршиле во неколку центри за вработување. Дополнително, Државниот завод за ревизија (ДЗР) утврдил слаб мониторинг на трошењето на средствата, пропусти при исплатата на надоместоци за невработеност, неефикасни ИТ-обуки и концентрација на адвокатски услуги кај еден адвокат.

Во извештајот за работењето на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија (АВРСМ) за 2024 година, ревизорите дале мислење со резерва за финансиските извештаи и неповолно мислење за усогласеноста со законите и воспоставените политики.

За реализација на 14 активни програми и мерки за вработување биле исплатени 1,442 милијарди денари, односно околу 23,4 милиони евра, што претставува зголемување од 16,3 проценти во однос на 2023 година. Сепак, според ревизорите, распределбата не го почитувала законскиот принцип на рамномерен регионален развој.

„При распределбата на средствата не е обезбеден принципот на рамномерен регионален развој. Кај одделни активни мерки исплатите во скопскиот и дел од западните плански региони ја надминувале утврдената квота и до четири пати, додека регионите од централниот и источниот дел на државата добиле помал обем на средства“, се наведува во извештајот.

Особено е изразена концентрацијата кај мерката самовработување, каде што 62,05 проценти од средствата биле реализирани преку центрите за вработување во само пет градови. Сличен тренд е забележан и кај програмите за субвенционирање на плати и вработување и раст на правни субјекти, каде најголем дел од апликациите биле од Скопје, Тетово, Струга, Куманово и Пробиштип.

Ревизорите предупредуваат дека Агенцијата нема доволно развиен систем за контрола на користењето на средствата.

„Утврдени се слабости во системот на мониторинг и контрола на користењето на средствата, поради недоволно разработени процедури, ретки теренски контроли и нецелосна документација, што создава ризик од ненаменско користење на доделените средства“, се наведува во извештајот.

Забелешки има и за програмата за стекнување напредни ИТ-вештини, за која биле потрошени 85,8 милиони денари (околу 1,39 милиони евра). Од 735 кандидати, завршниот испит успешно го положиле само 184 лица, односно 25 проценти, што според ревизорите укажува на ниска ефикасност на мерката.

Во текот на 2024 година, Агенцијата исплатила 1,327 милијарди денари (околу 21,5 милиони евра) за парични надоместоци за невработеност, што претставува 40,6 проценти од вкупните расходи. Во споредба со претходната година, исплатите се зголемени за 27,13 проценти.

Но, ревизијата открила сериозни слабости при признавањето на ова право, меѓу кои некомплетна документација, недоволна електронска размена на податоци со Фондот за ПИО и неправилности при пресметката на надоместоците.

Дополнително, биле утврдени случаи на договори за работа склучени на само три дена, договори продолжувани над законски дозволениот рок, како и повторни вработувања кај ист работодавач веднаш по користење на правото на паричен надоместок.

Ревизијата нотирала пропусти и кај адвокатските услуги. Во 2024 година за адвокати, медијација, судски такси и вештачења биле исплатени 5,7 милиони денари, при што 77,46 проценти од адвокатските услуги биле реализирани преку еден адвокат. За 881 илјада денари вештачења не била спроведена јавна набавка, а за 740 илјади денари недостасувала документација за извршените услуги.

Ревизорите посочуваат и дека дел од овие услуги можеле да бидат извршени од вработените во Агенцијата доколку институцијата располагала со соодветен кадар.

Во извештајот повторно се укажува дека Посебниот фонд за вработување на инвалидни лица не ги добива сите законски предвидени средства, а се предупредува и дека правилата за остварување право на паричен надоместок при невработеност не се доволно прецизни, што создава различна пракса, правна несигурност и судски спорови.

Поради утврдените слабости, Државниот завод за ревизија упати препораки до Агенцијата за вработување и до надлежните институции за подобрување на контролите, порамномерна распределба на средствата и поефикасно спроведување на програмите за вработување.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вратен системот “Мое осигурување”
Вести

Добра вест за пациентите: „Фостер“ без доплата од крајот на јули

09/07/2026
Обвинет за четири убиства и два обиди за убиство не одговори ниту на прашањето за својот идентитет
Вести

Обвинет за четири убиства и два обиди за убиство не одговори ниту на прашањето за својот идентитет

09/07/2026
Пронајдени 5.880 парчиња пиротехника во струмичко
Вести

СВР Охрид истражува случај со починат маж по полициска интервенција

09/07/2026
СДСМ ги повика критичарите на внатрепартиска дебата за иднината на партијата
Вести

СДСМ ги повика критичарите на внатрепартиска дебата за иднината на партијата

09/07/2026
Манасиевски: Ќе прифатиме договор, но дијаспората мора да гласа полесно
Вести

Манасиевски: Ќе прифатиме договор, но дијаспората мора да гласа полесно

09/07/2026
Со седум филмски вечери на македонската филмска уметност стартува „Кинотека на скопско лето“
Вести

Со седум филмски вечери на македонската филмска уметност стартува „Кинотека на скопско лето“

09/07/2026
Следна вест
Вратен системот “Мое осигурување”

Добра вест за пациентите: „Фостер“ без доплата од крајот на јули

Најнови вести

Вратен системот “Мое осигурување”

Добра вест за пациентите: „Фостер“ без доплата од крајот на јули

09/07/2026
ДЗР откри сериозни пропусти во Агенцијата за вработување

ДЗР откри сериозни пропусти во Агенцијата за вработување

09/07/2026
Обвинет за четири убиства и два обиди за убиство не одговори ниту на прашањето за својот идентитет

Обвинет за четири убиства и два обиди за убиство не одговори ниту на прашањето за својот идентитет

09/07/2026
Пронајдени 5.880 парчиња пиротехника во струмичко

СВР Охрид истражува случај со починат маж по полициска интервенција

09/07/2026
СДСМ ги повика критичарите на внатрепартиска дебата за иднината на партијата

СДСМ ги повика критичарите на внатрепартиска дебата за иднината на партијата

09/07/2026
Манасиевски: Ќе прифатиме договор, но дијаспората мора да гласа полесно

Манасиевски: Ќе прифатиме договор, но дијаспората мора да гласа полесно

09/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.