• Импресум
Friday, July 10, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Трагедија во Шпанија: Најмалку 12 загинати во голем шумски пожар

10/07/2026
A A
Трагедија во Шпанија: Најмалку 12 загинати во голем шумски пожар

Најмалку 12 лица загинаа, а шест се повредени во голем шумски пожар што го зафати подрачјето кај Лос Гаљардос во шпанската покраина Алмерија, соопштија властите во Андалузија. Пожарот избувна во период кога јужна Европа е погодена од силен топлотен бран со екстремно високи температури.

Дел од жртвите биле пронајдени во возила кои биле зафатени од огнената стихија. Според сведочењата на локалните жители, можно е пожарот да започнал по уривање на далновод, по што пламените јазици брзо се прошириле кон шумските предели, но надлежните сè уште не ја потврдиле официјалната причина за избувнувањето.

Во гаснењето на пожарот се вклучени околу 150 пожарникари, како и специјализирани служби и припадници на Воената единица за вонредни ситуации. Поради опасноста, евакуирани се околу 1.000 жители, а повеќе патишта се затворени за сообраќај.

Меѓу повредените има лице кое е хоспитализирано поради вдишување чад, едно лице со изгореници, како и четири лица со полесни повреди и проблеми со дишењето.

Претседателот на регионалната влада на Андалузија, Хуанма Морено, трагедијата ја оцени како „страшен удар“ и изрази сочувство до семејствата на загинатите.

Паралелно со пожарот во Шпанија, екстремните температури од околу 40 степени Целзиусови предизвикуваат нови огнени жаришта и во Франција и Португалија. Стотици пожарникари се борат со пожарите, а илјадници жители се евакуирани од загрозените подрачја.

Шпанија оваа година бележи рекордни температури, а во одредени региони се очекува термометрите да достигнат и до 42 степени. Според европската климатска служба „Коперникус“, Европа е континентот што се загрева најбрзо, што придонесува за почести топлотни бранови, подолги сушни периоди и посилни шумски пожари.

Податоците на Европскиот информативен систем за шумски пожари покажуваат дека во 2025 година во Шпанија изгореле околу 393.000 хектари шума, што е повеќе од шест пати над долгорочниот просек. Минатата година беше оценета како најтешка сезона на шумски пожари во Европската Унија од почетокот на мерењата.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тажна вест за францускиот селектор Дешамп, почина неговата мајка
Вести

Историја на Мундијалите: Дидие Дешан стигна до неверојатен рекорд

10/07/2026
Giveaway веќе нема да биде едноставен: Нови правила стапуваат во сила од 14 јули
Вести

Giveaway веќе нема да биде едноставен: Нови правила стапуваат во сила од 14 јули

10/07/2026
Најмалку 11 загинати а 3.500 беа повредени за време на иранскиот традиционален огнен фестивал
Вести

Седумдесет и тригодишник приведен по пожар во радовишко село

10/07/2026
Сончево со умерена облачност, температурата до 36 степени
Вести

Стабилно време со мала облачност, недела носи дожд и грмежи

10/07/2026
Трамп: Сакам повторно да се кандидирам, но веројатно нема да го сторам тоа
Вести

Израел до САД доставил нови информации за наводен ирански план за атентат врз Трамп

10/07/2026
Седници на три собраниски комисии
Вести

Комеморативен настан во Собранието по повод Сребреница

10/07/2026
Следна вест
Сончево со умерена облачност, температурата до 36 степени

Стабилно време со мала облачност, недела носи дожд и грмежи

Најнови вести

Тажна вест за францускиот селектор Дешамп, почина неговата мајка

Историја на Мундијалите: Дидие Дешан стигна до неверојатен рекорд

10/07/2026
Giveaway веќе нема да биде едноставен: Нови правила стапуваат во сила од 14 јули

Giveaway веќе нема да биде едноставен: Нови правила стапуваат во сила од 14 јули

10/07/2026
Најмалку 11 загинати а 3.500 беа повредени за време на иранскиот традиционален огнен фестивал

Седумдесет и тригодишник приведен по пожар во радовишко село

10/07/2026
Сончево со умерена облачност, температурата до 36 степени

Стабилно време со мала облачност, недела носи дожд и грмежи

10/07/2026
Трагедија во Шпанија: Најмалку 12 загинати во голем шумски пожар

Трагедија во Шпанија: Најмалку 12 загинати во голем шумски пожар

10/07/2026
Трамп: Сакам повторно да се кандидирам, но веројатно нема да го сторам тоа

Израел до САД доставил нови информации за наводен ирански план за атентат врз Трамп

10/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.