Собранието денеска со едночасовен комеморативен настан ќе го одбележи Меѓународниот ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница.
Според агендата објавена на веб-страницата на Собранието, на настанот ќе се обратат претседателот на Собранието Африм Гаши, пратеникот од Левица Амар Мециновиќ, претседателот на Комитетот за односи меѓу заедниците Аднан Азири и професорот Ферид Мухиќ.
Со настанот ќе биде оддадена почит на жртвите од геноцидот во Сребреница и ќе биде одбележан Меѓународниот ден на сеќавање на ова трагично поглавје од поновата историја.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












