Сончево и топло време со мала облачност ќе преовладува денеска низ земјава. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20 степени Целзиусови, додека максималната ќе достигне од 28 до 34 степени.
Во Скопје се очекува сончево време со мала облачност и слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 15 степени, а максималната ќе достигне 34 степени.
Во текот на наредните денови времето ќе остане сончево и топло. Денеска и во сабота ќе има мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од променлив правец.
Во недела се очекува нестабилна временска состојба со услови за пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер, претежно од северозападен правец.
Од понеделник повторно следува период на претежно стабилно и топло време.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












