Седумдесет и тригодишен жител на радовишкото село Калуѓерица е приведен откако предизвикал пожар со палење оган на нива во сопственост на неговиот брат, информира Министерството за внатрешни работи.
Според информациите од полицијата, Л.М. (73) бил лишен од слобода на 8 јули околу 12:50 часот од страна на полициски службеници од ОВР Радовиш.
Од МВР соопштија дека тој запалил оган на нива, по што пламените јазици се прошириле и зафатиле повеќе соседни имоти. Пожарот опфатил сува трева, дел од игралиште, нива со засадена луцерка, насад со ореви, како и дел од сушара за тутун.
Во еден момент постоела опасност огнот да се прошири и кон околните куќи, но пожарот бил ставен под контрола и во настанот нема повредени лица.
Екипи на Територијалната противпожарна единица Радовиш интервенирале и успешно го изгаснале пожарот. За случајот бил известен и јавен обвинител.
По целосното документирање на настанот, против 73-годишникот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












